Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се скратува времетраењето на договорите на определено време
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се скратува времетраењето на договорите на определено време
Агровести

Се скратува времетраењето на договорите на определено време

Објавено 15/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека очекува од пратениците што побрзо да го донесат законското решение со кое се овозможува недела да биде неработен ден бидејќи, како што рече, тој е во интерес на сите граѓани.

Таа во интервјуто на „Утрински брифинг“ потсети дека за овој предлог закон, што е во второ читање на Комисијата за труд и социјална политика, имаше неколку обиди да се отвори амандманска расправа уште пред локалните избори.

Министерката истакна дека интересот за носењето на ова законско решение од страна на граѓаните е огромно.

– До Министерството за труд и социјална политика секојдневно пристигнуваат прашања, кога ќе стапи во сила ова законско решение, од синдикатите исто така. Станува збор за едно законско решение за кое што ние заедно со социјалните партнери во Економско социјалниот совет, го преговаравме преку јавни и широки дебати во општеството, почнувајќи од декември минатата година досега и е усогласено меѓу социјалните партнери – рече Шахпаска.

Со законското решение недела неработен ден осум проценти од работниците ќе работат во недела, за нив е предвидена минимум 50 проценти повисока дневница, додека пак вработените во трговските центри ќе работат само една смена со 100 проценти повисока дневница. Два проценти од годишниот промет на трговските центри во недела е предвидено да оди за изградба на градинки. Ова законско решение претставува баланс меѓу приватниот и професионалниот живот на граѓаните, се наведува во соопштението на МТСП.

Шахпаска на прашањето околу подготовката на новиот Закон за работни односи посочи дека ова законско решение е подготвено и дека наскоро ќе биде отворена и широка јавна расправа. Како значајна новина која го носи ова законско решение, таа го посочи скратувањето на времетраењето на Договорите на определено време, кои во моментов се со времетраење до пет години. Барање на работниците кое со години наназад го очекуваат.

– Со договорите на определено време, ќе се гарантира поголема сигурност и пристап до права за работниците, а за работодавачите овие договори генерираат задоволни работници. Во подготовката на новиот закон за работни односи, учествуваа сите чинители во општеството, претставници на работниците, работодавачите, Меѓународната организација на трудот, експерти од областа на трудот. Во социјалниот дијалог нема победници и поразени, туку целта е да се постигне компромис меѓу сите засегнати страни – рече Шахпаска.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:шахпаска
Претходен напис Шпанското сирење „Олавидија“ е прогласено за најдобро во светот
Следен напис Турски компании заинтересирани за инвестиции во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?