Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Акција за пошумување со 7.700 садници во Светиниколско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Акција за пошумување со 7.700 садници во Светиниколско
Шумарство и водостопанство

Акција за пошумување со 7.700 садници во Светиниколско

Објавено 11/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вработените од „Халкбанк“ и Јавното претпријатие „Национални шуми“ заедно со група ученици од Гимназијата „Kочо Рацин“ во Свети Николе вчера ја почнаа акцијата за пошумување со нови 7.700 садници.

Овие дрвца се обезбедени од средствата наменети за HalkEco пошумување од страна на „Халкбанк“, но и од собраните котизации од велосипедската трка Halk Velo Green која се оддржа на 8 септември во Маврово.

Ова е втора акција на пошумување во Светиниколско од страна на „Халкбанк“. На ова поле преку акциите на HalkEco за една година засадени сe вкупно над 15.000 садници.

May be an image of 4 people, people standing and grass

-Нашата банка со особено внимание, труд и задоволство се вклучува во општествено одговорни практики кои имаат за цел да го подобрат заедничкиот живот во нашата средина. Но, за да постигнеме подобри и повидливи резултати, нашиот фокус го ставаме на две важни полиња на делување. Тоа се заштитата и унапредувањето на животната средина преку HalkEco, но и кревањето на свеста за екологијата, инклузијата, литературата и финансиската писменост кај дечињтата преку платформата на „Халки“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор за корпоративни и маркетинг комуникации во „Халкбанк“.

May be an image of 7 people, people standing, nature, grass and tree

Банката пред две години ја покрена зелената HalkEco – платформа која ги поттикнува и луѓето да практикуваат здрав животен стил и со своите физички активности да придонесат за засадување нови дрвја од страна на „Халкбанк“. Од стартот на платформата досега „Халкбанк“ има донирано над 33.000 садници.

May be an image of 9 people, people standing and outdoors

Преку HalkEco, освен зазаленување на јавни површини, се реализираа и низа други активности како реконструкција на 19 мостови во Градскиот Парк во Скопје, поставување еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструкција на пешачкиот мост и донација на корпи во Крушево, уредување на Халк Корнер во ТЦ „Лептокарија“, уредување на Халк Корнер во Гостивар, донирање на ХалкЕко инклузивно игралиште во основно училиште, ХалкЕко Скопје трча, но и две големи ХалкВелоГрин трки во Маврово.

May be an image of 14 people, people standing and outdoors

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Халкбанк со нова кредитна линија од 12 милиони евра за одржливо земјоделство
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:HalkbankХалкбанк
Претходен напис Бабовски дел од првиот состанок на Регионалниот форум на шефовите на ветеринарните служби
Следен напис Денеска сончево со утринска магла по котлините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?