Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сите информации како вашата компанија да учествува на тендерите за потребите на НАТО и земјите – членки, чија вредност надминува 5 милијарди евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сите информации како вашата компанија да учествува на тендерите за потребите на НАТО и земјите – членки, чија вредност надминува 5 милијарди евра
Агровести

Сите информации како вашата компанија да учествува на тендерите за потребите на НАТО и земјите – членки, чија вредност надминува 5 милијарди евра

Објавено 02/11/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 25 септември премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска го промовираа Центарот за поддршка на компании за настап на НАТО пазарот. Беше најавено дека Центарот нема да  дава само административни услуги туку сеопфатна партнерска поддршка до компаниите бидејќи „колку повеќе домашни компании учествуваат и успеваат да добијат НАТО – тендери, толку подобра ќе биде и домашната економија’.

Со членството на Република Северна Македонија во НАТО – Алијансата и по усогласувањето на домашното Законодавство, домашните компании имаат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите-членки, чија вредност надминува 5 милијарди евра годишно.

Министерството за одбрана формираше Центар за поддршка на компаниите при учество на тендерите на Алијансата кој нуди целосна, сеопфатна поддршка за секоја домашна компанија која ќе пројави интерес.

Ве повикуваме да се пријавите за упис во евиденцијата на економски оператори, кои може да се регистрираат за учество на јавни набавки за потребите на НАТО и земјите – членки. Сè што треба да направите е електронски да поднесете Барање за упис во евиденција на економски оператори, на електронската ареса [email protected], или во архивата на Министерството за одбрана.

Доколку, пак, веќе сте регистрирани и имате интерес да учествувате на НАТО јавна набавка, а за истото ви е потребна Потврда за исполнетоста на условите за учество во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји-членки, може електронски да поднесете Барање за издавање на потврда за исполнетост на услови за учество во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји-членки, на електронската адреса [email protected], или во архивата на Министерството за одбрана.

Огласите за јавните набавки на НАТО и земјитe членки можете да ги следните на следниве линкови:

NATO SUPPORT AND PROCUREMENT AGENCY            NATO COMMUNICATIONS AND INFORMATION AGENCY

Контакт лице од Центарот за поддршка на компаниите
Владимир Анчев
[email protected]
тел: 02/328 20 42

Поврзани документи:

  • Правилник за формата и содржината на барањето за упис во евиденцијата на економски оператори, начинот на водење на евиденцијата, содржината на евиденцијата, формата и содржината на потврдата за упис во евиденцијата на економски оператори и начинот на достапност на информациите за тековните набавки за потребите на Северноатлантската договорна организација и нејзините земји членки во зависност од степенот на класификација.
    • Барање за упис во евиденција на економски оператори.
  • Правилник за начинот на проверка и потврдување на исполнетоста на условите за учество во постапките за набавки за потребите на Северноатлантската договорна организација и нејзините земји-членки и содржината на потврдата за исполнетоста на условите за учество во постапките за набавки за потребите на Северноатлантската договорна организација и нејзините земји-членки.
    • Барање за издавање на потврда за исполнетост на услови за учество во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји членки

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:натотендери
Претходен напис Италијанец одгледал џиновска тиква тешка 1.226 килограми
Следен напис Џеф Безос вети две милијарди долари за намалување на ерозијата на почвата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?