Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ), ја издаде првата индивидуална гаранција од Гарантниот фонд на извозничка компанија во агроиндустријата, во износ од 3.075.000 денари.
Индивидуалните гаранции од Гарантниот фонд се наменети за големи трговци кои вршат извоз (најмалку 30% од приходите во последната фискална година доаѓаат од извоз).
Со гаранцијата може да биде гарантиран до 50% од износот на кредитот.
Барање за издавање на индивидуална гаранција од Гарантниот фонд може да се поднесе директно во РБСМ.
Прочитајте повеќе на https://www.mbdp.com.mk/mk/garancii/individualni-garancii
