Хрватските ладнокрвници се работни коњи кои порано ја обработувале земјата и влечеле товар. Но, механизацијата ги истурка од земјоделското земјиште, па денес е вистинска реткост да се видат коњи на поле.
Иван Дугаја од хрватското село Чаѓавица деновиве привршува со сеидбата на пченица. Но не со трактор, туку со коњи. Нему не му е тешко да оди покрај Зора и Лиза, кои годинава ќе посеат околу пет хектари пченица. Покрај тоа што ќе постигне заштеда во однос на механизираната сеидба, ќе ја исполни и најважната цел на оваа работна раса.
Работата со коњите е терапија
Иван, љубител на коњи кој не се откажува од традицијата, вели дека неговото семејство нема голема фарма и сее за свои потреби.
Сеидбата трае до три дена, а коњите поминуваат и до 15 километри. Коњите се паметни животни, па не им требало долго време да ги научат командите и, како што вели Иван, откако ќе ги научат, ги паметат цел живот. Ваквата работна активност им одговара на коњите, но и на нивниот сопственик.
„Тоа е одлична терапија, работата со коњи е многу релаксирачка и тие што не ја доживеале не знаат“, вели Иван.
За хрватските ладнокрвни коњи ваквите работи не им создаваат напор, па семејството ги користи и за други земјоделски работи во текот на целата година.
Планира зголемување на одгледувањето коњи
Сеидбата со коњи е поевтина од машинската, особено годинава кога цените на горивата достигнаа историски високи нивоа. Во Чаѓавица во моментов се одгледуваат педесетина коњи, од кои 14 се ладнокрвници. Во шталата на Дугаја, заедно со Зора и Лиса има уште пет грла, а се планира и зголемување на бројот.
Ваквите коњи се профитабилни, па грлата постигнуваат подобра цена во споредба со другите животни. Работната кобила достигнува цена и до 3.000 евра, а дополнителен поттик во одгледувањето во Хрватска е државната поддршка од 400 евра годишно за одгледување говеда.
И покрај тоа, традицијата на работа со коњи на терен тешко ќе се зачува, а некои наидуваат и на потсмев. Сепак, ова семејство не ја продолжува традицијата со мотивација и уживање во работата со овие благородни животни.
