Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 19-годишниот Душан одгледува малини и компири, а годинава очекува род од 10 тони компири: Отсекогаш сум го сакал животот на село и затоа имав јасни планови за иднината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > 19-годишниот Душан одгледува малини и компири, а годинава очекува род од 10 тони компири: Отсекогаш сум го сакал животот на село и затоа имав јасни планови за иднината
Магазин

19-годишниот Душан одгледува малини и компири, а годинава очекува род од 10 тони компири: Отсекогаш сум го сакал животот на село и затоа имав јасни планови за иднината

Објавено 28/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Деветнаесетгодишниот Душан Недовиќ од српското село Јасеново деновиве има полни раце работа на својот имот.

„Пред две години почнав да сеам компир во поголеми количини. Родот ме изненади оваа есен, со оглед на тоа што летото беше без дожд. Претходните неколку сончеви денови ги искористив полека да ги подготвувам компирите за пазар. Само што почнав да вадам, но очекувам да имам близу 10 тони. Слушнав дека цената на компирот годинава ќе биде 50 динари, што би ни помогнало на сите нас кои го одгледуваме овој зеленчук“, изјави овој млад земјоделец, пренесуваат српските медиуми.

Душан со својот домашен миленик/Фото: Facebook. 2018

Сведоци сме дека работата на земјоделците е исклучително тешка, но добрата цена на производите на пазарот овозможува многу млади земјоделци да ги прошират своите посеви. Многу млади луѓе одат во градовите во потрага по работа, но тоа не е случај во селата меѓу Златар и Муртеница. Повеќето млади луѓе останаа овде на своите огништа и се занимаваат со земјоделство.

„Кај нас се произведува најквалитетен компир и затоа ги користам благодетите што ни ги дала природата. Отсекогаш сум го сакал животот на село и затоа имав јасни планови за иднината. Годинава го завршив Земјоделското училиште во Пожега, а потоа се вратив во родното село. Имам проширени насади со малини и компири, а се занимавам и со сточарство. Мајка ми најмногу ми помага во земјоделските работи, а по потреба ангажираме и работници“, вели Душан.

Фото: RINA

Душан вели дека ако останат повеќе млади во селото, на сите ќе им биде подобро. Тој веќе ги полни визбите и магацините со овогодинешниот род на компири, а се надева дека до следната сезона ќе се испразнат по поволна цена.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:компири
Претходен напис Дојран бележи двојно поуспешна туристичка сезона од лани
Следен напис Деспотовски: До крајот на годината вкупниот износ на инвестиции ќе надмине 300 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?