Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потребни се пет трилиони долари годишно за борба против климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потребни се пет трилиони долари годишно за борба против климатските промени
Агровести

Потребни се пет трилиони долари годишно за борба против климатските промени

Објавено 28/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во студијата на пет еколошки тинк-тенкови се наведува дека средствата потрошени за борба против климатските промени мора да се зголемат до пет трилиони долари годишно до 2030 година.

Научниците предупредуваат дека трансформацијата на економијата е премногу бавна за да ги исполни меѓународните цели за ограничување на порастот на температурите.

– Од транспортот, преку земјоделството, до изворите на електрична енергија, постигнат е премал напредок за да се ограничи порастот на температурата до 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период и со тоа да се ограничат најлошите ефекти од климатските промени, се наведува во студијата.

Според експертите ниту еден од 40-те проценети индикатори не е во согласност со целите на Парискиот договор за климата за намалување на просечниот пораст на температурата под два Целзиусови степени, а идеално е од 1,5 Целзиусови степени во споредба со прединдустрискиот период.

Во студијата се наведува дека 25 показатели не се на задоволително ниво, вклучувајќи ја и употребата на помалку јаглен за производство на електрична енергија.

– Иако има некои охрабрувачки знаци за напредок во неколку сектори, вкупните глобални напори за ублажување на климатските промени остануваат ужасно слаби, изјави една од авторките на студијата Софи Боем, членка на американскиот Светски институт за ресурси (World Resources Institute).

Таа додаде дека резултатите даваат јасна слика за тоа каква акција е потребна против климатските промени пред климатскиот самит на Обединети нации ЦОП 26 во Глазгов, што почнува в недела.

Светските лидери на Самитот ЦОП26 и пошироко треба да ги засилат климатските амбиции и веднаш да дејствуваат, посочи Боем.

Во два извештаи на ОН, објавени неделава, се предупредува дека светот е далеку од ограничен пораст на температурата и дека со сегашните мерки, како и оти глобалните температури ќе се зголемат за 2,7 степени овој век во споредба со прединдустрискиот период.

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:клима
Претходен напис Сламата како градежен материјал – Сè повеќе луѓе се одлучуваат да градат домови од слама
Следен напис Утре во Скопје се отвора „Ист гејт мол“, нов центар за мода и забава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?