Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: САД вратиле голем број пратки со месо во Австралија поради фекалии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > САД вратиле голем број пратки со месо во Австралија поради фекалии
Агровести

САД вратиле голем број пратки со месо во Австралија поради фекалии

Објавено 27/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Американските функционери за безбедност на храна вратиле голем број пратки со месо во Австралија од 2019 година поради контаминација со фекалии, што ги затегна трговските односи меѓу двете земји, јавија западни медиуми кои имале увид во документите.

Организациите за безбедност на храна го припишуваат овој проблем на австралискиот систем, кој им овозможува на компаниите да го проверуваат сопственото месо наместо државните инспектори. Слични напори за приватизација на инспекцијата има и во други големи земји производители на месо, вклучително и во САД. Во 2020 година, американската служба за безбедност и контрола на храната (FSIS) отфрли десет пратки месо од Австралија, која е втор најголем американски снабдувач на оваа храна, поради контаминација со фекалии или други дигестивни материи. Во 2019 година и една година претходно, беа вратени четири пратки австралиско месо, според внатрешните податоци на Министерството за земјоделство на САД (USDA). Канада и Нов Зеланд, два други големи американски добавувачи на месо, имаа по една одбиена пратка поради тој тип на контаминација во 2020 година, покажуваат внатрешните податоци, а Мексико, уште еден голем снабдувач на месо на американскиот пазар, немаше вратени пратки. Од истите причини, уште три пратки месо се вратени во Австралија во првите два месеци од оваа година, една е вратена во Нов Зеланд, а ниту една во Канада и Мексико, покажуваат податоците. Меѓу австралиските компании чии пратки со месо во САД беа одбиени се: JBS Australia, Thomas Foods, Fletcher International Exports, Australian Lamb и V&V Walsh.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:месо
Претходен напис Традиционален словенечки пчеларник – подарок за Институтот за ориз во Кочани
Следен напис По студеното утро, нѐ очекува сончев и потопол ден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?