Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Весна Јаневска од Росоман обезбеди сушара за овошје и зеленчук со државна поддршка за жени од рурални средини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Весна Јаневска од Росоман обезбеди сушара за овошје и зеленчук со државна поддршка за жени од рурални средини
Рурален Развој

Весна Јаневска од Росоман обезбеди сушара за овошје и зеленчук со државна поддршка за жени од рурални средини

Објавено 26/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Весна Јаневска од Росоман обезбеди сушара за овошје и зеленчук, со државна поддршка за жени од рурални средини. Таа појаснидека се работи за грант од 180 илјади денари кои ги добила преку мерка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

-На повикот од 2019 година, 250 жени од рурални средини од целата држава добивме ваква финансиска поддршка, за поттик во нашата земјоделска работа. За набавка на опрема, механизација, со цел олеснување на нашата работа. Додадов свои 15 илјади денари и сушарата ја купив за 195 илјади денари. Таа е главно на сончева енергија, така што сушењето на овошје и зеленчук ќе биде еколошко и здраво, нагласи Јаневска.

Весна има 51 година. За себе рече дека целиот живот и е поврзан со земјоделството, а најинтензивно последните 18 години, кога се занимава со производство и преработка на овошје и зеленчук.

– Регистриран индивидуален земјоделец сум, а најново е што веќе основав занаетчиска фирма, за производство и преработка на традиционални земјоделски производи. Фамилијарно произведуваме овошје и зеленчук. Досега дел продававме во свежа состојба, а дел преработувавме. Отсега, дел и ќе сушиме во сушарата, вели Јаневска.

Таа рече дека на жените од росоманското здружение, ќе им биде овозможено исто така да ја користат оваа сушара.

-Имав бројни можности да оставам сѐ и да заминам по подобар живот во странство. Но решив да останам тука и да се борам за подобар живот на земјоделците и особено на жените земјоделки. Родена сум на село, ја милувам природата и решив тука да инвестирам и да ја одржувам традицијата на Тиквешијата, со цел нашите наследници да останат на семејното огниште, додаде Јаневска.

МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:Весна јаневска
Претходен напис Бугарските земјоделци со тритикале ќе подготвуваат квалитетна храна за животните
Следен напис Следува стабилно време, а од петок пораст на температурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?