Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германските амбасадори во регионот ја посетија „Дрекслмајер Македонија“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германските амбасадори во регионот ја посетија „Дрекслмајер Македонија“
Агровести

Германските амбасадори во регионот ја посетија „Дрекслмајер Македонија“

Објавено 21/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Амбасадорите на Сојузна Република Германија во земјите од регионот предводени од Анке Холштајн, амбасадор на Германија во земјава како дел од агендата во рамки на регионалната конференција чиј домаќин беше германската амбасада, остварија посета на „Дрекслмајер“, како германски инвеститор во земјава. На воведната презентација им беа прикажани најважните моменти од основањето на компанијата како и
идните стратешки проекти.

За време на обиколката низ фабриката, гостите беа придружувани од страна на Генералниот менаџер на „Дрекслмајер Македонија“, Лукас Мирингер и добија целосна слика за целокупниот синџир за производство на производи наменети за премиум сегментот во автомобилската индустрија.

„Драго ни е што имавме можност да им посакаме добредојде на германските амбасадори од земјите од регионот во „Дрекслмајер“ Кавадарци. За време на нашата средба со нив ги разгледавме најважните аспекти за нас како што се нашите вработени и меѓународните „Дрекслмајер“ стандарди имплементирани на двете локации во земјава, а ги претставивме и идните перспективи и планови“, вели Генералниот менаџер на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер.

Гостите беа запознаени со бројните проекти во рамки на делот за општествена одговорност кои „Дрекслмајер“ ги иницира и ги реализира заедно со своите вработени. Дипломатите ја посетија и специјализираната училница за практична настава во рамки на моделот на дуално образование според германски стандарди.

„Добивме многу позитивен впечаток за она што го видовме во „Дрекслмајер“ на локацијата Кавадарци. Воодушевени сме од добрата организација во фабриката. Особено го поздравуваме залагањето на Дрекслмајер во делот на спроведувањето на германскиот модел на дуално образование. Младите луѓе се нашата иднина. Поддршката која „Дрекслмајер“ ја дава кон заедницата во којашто делува е одличен пример за општествено одговорно однесување“, рече амбасадорката Холштајн.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дрекслмајер
Претходен напис Од недела пониски температури
Следен напис Долгорочна временска прогноза – Какво време нѐ очекува оваа зима?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?