„Чест ми е повторно да учествувам на Форумот за земјоделска политика 21. Од овие средби се разменува знаење и искуство за креирање добри и одржливи политики за земјоделството и руралниот развој.
Зелената агенда за Западен Балкан е во фокусот на овогодинешниот Форум за земјоделска политика 2021. Сите земји од регионот се соочуваат со истите предизвици и заеднички треба да се работи на долгорочни решенија за социо-економско закрепнување на целиот регион преку трансформација на предизвиците во можности.
Промените во земјоделскиот сектор се повеќе од потребни за да држиме чекор со времето и технологијата. Одржливиот развој е можен само со отворена соработка.“,
Фејсбук-статус на Гоце Георгиевски од МЗШВ


