Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се намалуваат популациите на полската врана, црновратиот нуркач и потполошката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се намалуваат популациите на полската врана, црновратиот нуркач и потполошката
Агровести

Се намалуваат популациите на полската врана, црновратиот нуркач и потполошката

Објавено 14/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската црвена листа на птици за 2021 што ја објави денеска BirdLife International, покажува дека во земјава се намалуваат популациите на полската врана, црновратиот нуркач и потполошката, а популацијата на рибарчето се стабилизира.

Црвената листа го анализира ризикот од исчезнување на 544 видови птици во преку 50 земји од Европа. Воедно ги следи категориите и критериумите на црвените листи на Меѓународната унија за зачувување на природата и сите птици имаат пресметан ризик од исчезнување меѓу „најмалку засегната“ до „исчезната“.

И Северна Македонија учествуваше во изработувањето на оваа листа преку експертскиот ангажман на Македонското еколошко друштво (МЕД). Теренските истражувања беа направени од домашни и странски орнитолози и волонтери на МЕД. Објавата на оваа листа е темпирана да се совпадне со неделата во која Конвенцијата на биолошка разновидност на ОН го дискутира новиот план за соочување со кризата на дивите животни во светот.

-Птиците се едни од најчувствителните животни и затоа се идеалните индикатори за разбирање на промените во животната средина. Кога птиците се загрозени, тоа значи дека и ние сме загрозени, потенцира МЕД.

Најзначајните наоди од Црвената листа велат дека во Европа се загрозени 71 вид птици (13 отсто), пет видови птици се регионално исчезнати, еден од секои пет видови птици е загрозен или скоро загрозен од исчезнување, еден од секои три видови птици има намалена бројност, а морските, шумските, крајбрежните и грабливите птици се најзагрозени и нивните популации најбрзо опаѓаат во Европа.

Според Листата, најзагрозени хабитати се обработливите и морските површини, како и мочуриштата и ливадите.

-Наодите од Црвената книга ни укажуваат и на тоа дека најголемите закани за птиците во Европа се: пренамена и деградација на голем дел од земјиштето, инвазивни земјоделски практики, прекумерно искористување на морски ресурси, загадување на копнени води, неодржливи шумарски практики и неодржливо развивање на инфраструктурата, нагласува МЕД,

Иако наодите на новата Европска црвена листа се загрижувачки, има и добри вести кои покажуваат дека соодветно насочени активности за зачувување на птици може да ги вратат популациите на одредени видови, но и дека добро развиени интервентни земјоделски практики можат да спречат исчезнување на птици од обработливите површини.

-Резултатите од овие истражувања покажуваат дека неуспешно управуваме со нашата земја и вода. Европа треба да го води светот кон зачувување и обновување на природата, но за да се случи тоа  мораме да ја трансформираме нашата економија. Оваа трансформација мора да почне веднаш, во Декадата на еколошката обнова, како што ја нарекоа Обединетите нации, изјави регионалниот директор на BirdLife за Европа, Мартин Харпер.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вранапотполошкатацрновратиот нуркач
Претходен напис Хоџа: Досега земјоделците од Полошкиот регион своите примероци мораа да ги носат на лабораториски анлизи во Скопје, но за скоро време, тоа ќе го прават во оваа лабораторија
Следен напис Тетово доби прва вендинг машина за рециклирање на пластични шишиња и лименки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?