Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стојанка и Донка, две јатрви од кавадаречко село Сопот, вредни земјоделки, играорки, спортистки…жени за почит
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Стојанка и Донка, две јатрви од кавадаречко село Сопот, вредни земјоделки, играорки, спортистки…жени за почит
Магазин

Стојанка и Донка, две јатрви од кавадаречко село Сопот, вредни земјоделки, играорки, спортистки…жени за почит

Објавено 21/09/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На жените во денешно време малку потешко им оди усогласувањето на семејните активности и работата, а овој проблем е посебно изразен во селските средини. Најчесто тие не се сопственички на земјоделски имот или пак ако го имаат тоа е значително малку па е ограничувачки фактор да започнат сопствен бизнис. Сепак, впечаток е дека оваа ситуација полека се менува, па жените од руралните средини се препознатливи освен по работа на поле и како основачи на здруженија, организатори на разни манифестации, учеснички и победнички на истите за на таков начин се едуцираат и зајакне позицијата на жената од село.

Тоа беше повод Агротим.мк да посети една храбра и вредна жена од кавадаречкото село Сопот, 57 годишната, Стојанка Наумова.

“Прво селската жена денес не е она што била пред 20-30 години. Денес селската жена мора да биде социјално активна, мора да познава интернет за да знае како да делува понатаму. Од земјоделството и тоа како може да се живее, но мора да се работи – многу и макотрпно. Имам чувство дека во некои делови на нашата земја луѓето мислат дека некаде ќе им цветаат рози, тоа иселување, заминувањето на младите во странство, тие мислат дека таму нема да треба да работат. Па и овде од работа може да се живее но мораш да ги засукаш ракавите, мораш да работиш – ако имaш барем едно мало парче земја, вели Стојанка.

Оваа 57 годишна вредна жена секојдневно е на поле, покрај тоа што работи сама на сопственото лозје од 2-3 декари, секојдневно од почетокот на март заедно со својата јатрва Донка работат како аргатки по тиквешките лозја.

– Секое утро уште во рани зори тргнуваме на нива, работиме до 14-15 часот , дневницата ни е по 1000 денари , јадење некогаш носиме од дома, некогаш ни носат газдите зависи како ќе се договориме. На лозје постојано има работа, започнуваме со врзување на прачките, па имаме работа се до октомври, додека не се обере грозјето. Додека работиме на поле, не не напушта доброто расположение и покрај напорната работа, си кажуваме вицови, се шегуваме а често знаеме и да запееме, раскажува Стојанка.

Покрај земјоделските активности, Стојанка е ангажирана и многу други полиња, член е на Здружението на пензионери Кавадарци и на Фолклорното друштво Лоза.

На 9 ти овој месец во Неготино на 25 пензионерски регионални спортски игри Стојанка како првак на јужниот регион се закити со златен медал во дисциплина атлетика. Таа е 11 години член во Здружението на пензионери Кавадарци  и од 2010 до 2013 година освојува второ место во атлетика, од 2014 до 2021 година е континуирано победник на јужниот регион и освоен златен медал во атлетика, два пати на Републичко ниво има освоено второ место во оваа дисциплина.

Освен на нива и во спорт оваа вредна Тиквешанка се докажала и како играорка, член е на Фолклорното друштво Лоза од Кавадарци со кое настапувала освен во многу градови во нашата земја и во Србија и Бугарија. Заедно со својата јатрва Донка пред некој ден учествувале на меѓународниот фестивал во Лесковац.

– „Можеби е чудно две јатрви да живеат како сестри, но ете ние сме вистински пример дека може така да биде. Судбина е и двете на млади години да останеме сами, па и болка и тага и радост делиме заедно. Наоѓаме утеха и задоволство во работата, одиме заедно да аргатуваме а потоа дружењето со пензионерите и спортот како и убавината на фолклорот ги спојуваме во едно“, ни објаснува Стојанка, која и додека го водевме овој разговор седеа на кафе муабет со својата јатрва.

И Донка е активен член на фолклорното друштво Лира како и докажан спортист. На натпреварите заедно со Здружението на пензионери, е првак  во дисциплина атлетика, шут на мало голче, додека изминативе години се покажа и како најдобра во дисциплината влечење на јаже кое сега е веќе укинато.  Стојанка и Донка сега се подготвуваат за претстојните спортски игри на државно ниво кои ќе се доржат во велес на 29 овој месец.

И двете ги имааат сите позитивни работи кои една жена може да ги има. Пред се вредни, домаќинки, дружељубиви, докажани во земјоделството и на нива.

Може да ви се допадне

Трилече – мек и сочен десерт со карамел
Утринска навика која може да го зголеми ризикот од појава на деменција
Џем од праски
Летна салата со тестенини
Украсни растенија како природни средства против комарци
Таг:Женирурални
Претходен напис Антонио Ангеловиќ, најуспешен млад земјоделец за 2021 година: „Ако се работи професионално и посветено, од земјоделието може добро да се живее“
Следен напис Русија ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ и САД
1 коментар 1 коментар
  • Zorica напиша:
    на 21/09/2021 г. во 20:29 часот

    Bravo za moja seka Stojanka i Donka, samo napred, vredne druželjubive prijateljice gde god da ste

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?