Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Протест на оризопроизводителите од Кочанско: На пописот ќе се изјасниме како робови, оти никој не води сметка за земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Протест на оризопроизводителите од Кочанско: На пописот ќе се изјасниме како робови, оти никој не води сметка за земјоделците
Агровести

Протест на оризопроизводителите од Кочанско: На пописот ќе се изјасниме како робови, оти никој не води сметка за земјоделците

Објавено 21/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Оризопроизводителите од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација во селото Облешево го блокираа магистралниот пат Кочани – Штип, изразувајќи го незадоволството од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз.

Иако беше најавено дека ќе биде со блокирана само едната коловозна лента, со наизменично пропуштање на возилата од двата правца, кратко по почетокот на протестот земјоделците целосно го запреа сообраќајот на двете ленти, при што на асфалтот истурија и оризова арпа.

-Излегуваме со барања оризовата арпа да не се откупува под 25, а белиот ориз под 50 денари за килограм, што неколку пати се доставувани и до Министерството за земјоделство и до премиерот. За жал, ниту сме повикани, ниту е разговарано со нас. Репроматеријалите за производство се поскапени и до сто отсто, а откупните цени не достигнуваат ниту 18 денари од килограм арпа. На гласање за изборите нема да излегуваме, а на пописот ќе се изјасниме како робови, ние сме робови во сопствената држава, затоа што никој не води сметка за нас, истакна Здравко Арсов, член на организацискиот одбор на протестот.

Присутните на протестот истакнаа дека околу десет илјади граѓани од кочанскиот регион егзистенцијата ја обезбедуваат со производството на ориз, но поради крајно неповолните цени по кои се откупува, ќе бидат во загуба, а минатогодишната реколта сè уште не им е продадена.

-Ја предупредуваме Владата дека ако не се најде решение за проблемот, земјоделците сами ќе преземат одговорност и ќе има секојдневни блокади на патот. Во моментот килограм бел ориз се откупува колку што чини еден леб, со што не се покриваат ниту трошоците за производство. Ова е мирен, народен протест, со кој бараме средба со надлежните за да се дојде до надминување на состојбата, истакна Стојче Ташовски, земјоделец од Облешево.

Ако не се најде брзо решение за покачување на откупните цени, земјоделците се заканија дека нема да ја реализираат овогодишната жетва на оризот, што треба да почне за десетина дена. Освен тоа, размислуваат од следната сезона, наместо ориз да посеат други земјоделски култури.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кочанскопротест
Претходен напис Совети: Солта го отстранува мирисот на кромид од рацете
Следен напис Антонио Ангеловиќ, најуспешен млад земјоделец за 2021 година: „Ако се работи професионално и посветено, од земјоделието може добро да се живее“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?