Над 1.300 земјоделци пријавиле штети од суша во Кавадарци и Неготино до надлежните локални комисии, формирани за таа цел, од локалните самоуправи. Ова за МИА го потврдија Виолета Димитрова и Ванчо Петров, претседатели на општинските комисии.
Петрова информираше дека во Кавадарци 1.087 земјоделци пријавиле штети од суша. Петров соопшти дека во Неготино на последици од суша се пожалиле 250 земјоделци.
Следуваат проценките на штетите на терен. Ќе се изготват записници и елаборати, кои ќе се достават до соодветниот Совет на општина, а потоа и до Државната комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.
Извор: МИА
