Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, денеска одржа прва средба со амбасадотор на Република Аргентина, Н.Е. Алфредо Атанасов.
„Заклучивме дека нашите земји имаат потенцијал за многу поголема соработка од досегашната. За таа цел, во најскоро време ќе потпишеме меморандуми за билатерална соработка во областа на трговската размена на земјоделски и прехранбени производи. Досегашниот извоз на наши производи кон оваа пријателска земја е со висок капацитет за раст, особено во делот на органски производи. Во следниот период, ќе ја зголемиме трговската размена и со производи кои досега не сме ги извезувале на аргентинскиот пазар, а постои голем интерес. Исто така се согласивме дека и нашиот пазар е добар потенцијал за аргентинските производи особено во делот на земјоделска механизација и производи од риба и месо.
Тоа е нашиот мотив да ја интензивираме соработката со оваа пријателска земја, што ќе придонесе кон вкупниот економски раст на државата“, напиша министерот Хоџа на својот фејсбук-профил.
Министерот Хоџа на средба со амбасадорот на Аргентина: „Ќе ја зголемиме трговската размена и со производи кои досега не сме ги извезувале на аргентинскиот пазар“
Остави коментар
Остави коментар
