Водостоите на повеќето реки во земјава се под просекот за септември, покажуваат денешните хидролошки мерења. Некои се преполовени, а подрастични намалувања бележат Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани, Лепенец кај Скопје.
Измерени се извесни покачувања во однос на просекот, на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, Струмица кај Сушево. Охридското и Преспанското Езеро се исто така под просекот, но бележат и дополнително снижување за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден.
Водостојот на Преспанско Езеро е 11 сантиметри под апсолутниот минимум. Кај нивото на Дојранското Езеро нема промени.
Драстично намалени водостоите на повеќето реки, Преспанско Езеро 11 сантиметри под апсолутниот минимум
Остави коментар
Остави коментар
