Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тиквеш“ продолжува со откупот на грозје според објавените критериуми и цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Тиквеш“ продолжува со откупот на грозје според објавените критериуми и цени
Агровести

„Тиквеш“ продолжува со откупот на грозје според објавените критериуми и цени

Објавено 13/09/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Тиквеш“ вчера продолжи со откуп на грозје од оние кооперанти кои согласно утврдената динамика било планирано и биле повикани да го предадат грозјето во текот на претходниот ден, пренесе Канал 5. Винарницата и понатаму останува на својата определба дека нема да прави никаков компромис со квалитетот на грозјето што го откупува.

Како што пренесе Канал 5, на незадоволните кои го блокирале влезот во винарницата и со тоа го попречиле откупот, а чие грозје не ги задоволувало минималните критериуми за квалитет неопходен за производство на вино, од страна на раководството на „Тиквеш“ им било понудено да им биде преземено за преработка во вински дестилат, при што им била понудена соодветна цена од осум денари по килограм, но понудата била одбиена од нивна страна.

„Како општествено одговорна компанија „Тиквеш“ гарантира дека од својата страна и понатаму ќе продолжи доследно да ги почитува сите преземени договорни обврски кон лозарите, но истовремено го очекува истото и од своите партнери. “, стои во објавата на винарницата „Тиквеш“.

Претседателот на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари“ Дане Јошев за Слободен печат рече дека проблемот настанал откако одеднаш винарската визба „Тиквеш“ решила да не им го прими грозјето на лозарите кое е со помалку од 21 шеќерна едниница.

„Што да прават лозарите со тоа грозје? Тие нема кај да го носат дома и да го складираат. Затоа и го истурија. Минатата недела министерот за земјоделство Аријанит Хоџа рече дека е договорено смедеревката да се откупува за 11 денари, а вранецот за 13 денари. Смедеревката е со 16 до 17 шеќерни единици, а вранецот сега е со 18 до 19. Но, на терен грoзјето насекаде се откупува по цени од 10 до 11 денари. – рече Јошев.

Тој објаснил дека вчера биле на состанок во „Тиквеш“ на која дигитално присуствувал и директорот Светозар Јаневски и дека тој прво им кажал дека не може да откупуваат грозје под 21 шеќерна единица, затоа што такво не им треба, а потоа „попуштил“ и рекол дека може да го откупат, но само по цена од 8 денари за да од него прават дестилат, пренесе Слободен печат.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:грозјеоткупТиквеш
Претходен напис Времето денеска сончево со мала облачност
Следен напис Форум за мапирање на енергетската иднина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?