Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прекугранични туристички доживувања во регионите на Пелагонија и Корча
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Прекугранични туристички доживувања во регионите на Пелагонија и Корча
Рурален Развој

Прекугранични туристички доживувања во регионите на Пелагонија и Корча

Објавено 03/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Историскa, гастрономска, адреналинска, градска и крафт се уникатните туристички доживувања кои може секој турист да ги доживее прекугранично во регионите на Пелагонија и Корча. Ова се овозможува преку проектот Smart-Cul-Tou финансиран од ЕУ и кофинансиран од Министерство за локална самоуправа од Програмата ИПА 2 за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија 2014-2020.

– Smart-Cul-Tour е партнерство кое претставува акцелератор кој го поттикнува туризмот, го промовира и заштитува културното и природното наследство, поттикнува соработка помеѓу жителите на заедниците во прекуграничниот регион, иницира разменување на знаење и искуство, со цел да се овозможи рамномерен и одржлив социо-економски развој во прекуграничниот регион на Пелагонија и Корча. Во партиципативен и консултативен процес развиени се 5 уникатни и атрактивни туристички понуди и нивни варијации, за групен и индивидуален туризам во овој регион. Шестата туристичка понуда е најинтересна и најпривлечна понуда која патникот/ туристот може сам да си ја креира директно преку туристичката агенција ЈК Травел, велат од Smart-Cul-Tou.

Оваа активност ја збогати туристичката понуда во прекуграничниот регион, откри и вклучи нови дестинации, заборавени или скриени аспекти на заедничкото наследство, истовремено подигнувајќи ја јавната свест кај луѓето во заедницата за важноста на културата и културното наследство.

– Граѓаните и заедницата од регионот се активно вклучени и дадоа свој придонес во оваа приказна. Локалните жители станаа активни туристички оператори, нивните приказни, животи, вештини, како своевидни атракции за туристите, ги надополнуваат знаменитостите од туристичката понуда во регионот. Нивното искуство е непроценливо, а промената во животот на локалните жители е немерлива, додаваат од проектот.

Со спроведувањето на оваа активност Smart-Cul-Tou ги истакнува резултатите од проектот, инфраструктурата во комбинација на културното наследство и модерната технологија кои се дел од новите туристички пакети. Голема придобивка од оваа активност е започнувањето на деловна соработка помеѓу туристички оператори од двете земји и зголемен број посетители во целните региони што ќе овозможи одржлив развој на локалната економија. Носител на проектот е Општина Битола.

МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:Smart-Cul-Tou
Претходен напис Бочварски: Ги надминавме проблемите, интензиво се гради експресниот пат Градско-Прилеп
Следен напис Во Суви Дол, на Малешевските Планини, во прекрасна и чиста природа се наоѓа пчеларникот на Наташа Велковска
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?