И министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, денес е еден од среќните и горди родители кој за првпат ја испрати својата ќеркичката Јона на училиште.
„Празничен ден со позитивна енергија. Почетокот на учебната година со физичко присуство го врати ентузијазмот на сите ученици кои денеска седнаа во училишните клупи. Задоволството од овој ден го доживеа и Јона, која денес го започна патувањето на знаењето како прваче.“, напиша министерот Хоџа.
Истовремено, министерот ѝ го честита роденденот на својата сопруга.
„Исто така, денес е посебен ден за нас бидејќи столбот на семејството, Мимоза Хоџа го слави нејзиниот роденден. Секој ден од животот за нас е благословен. Биди среќна и среќен сум што те имам.“, напиша Хоџа на својот фејсбук-профил.

