Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, информираат од УХМР.
Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен и западен правец. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во северните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. УВ=7.
Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја ќе има во четврток. Дневната температура ќе се задржи нешто пониска, особено во северните делови. Во петок и за време на викендот се очекува претежно стабилно време.
