Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Размножувањето на египетските мршојадци родени во заробеништво клучно за нивното преживување – на Балканот регистрирани само 46 пара
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Размножувањето на египетските мршојадци родени во заробеништво клучно за нивното преживување – на Балканот регистрирани само 46 пара
Агровести

Размножувањето на египетските мршојадци родени во заробеништво клучно за нивното преживување – на Балканот регистрирани само 46 пара

Објавено 17/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зајакнувањето на популациите на мршојадците со млади птици кои се родени во заробеништво (реинтродукција) може да го одложи нивното истребување, покажуваат резултатите од најновата научна студија во која учествуваше и Македонското еколошко друштво (МЕД).

-Иако, ваквата процедура нема да биде доволна за одржување на популацијата, таа ќе им обезбеди доволно време на еколозите да ги отстранат заканите кои ја уништуваат. Овие закани на Балканот се особено сериозни, популацијата на египетски мршојадци во 80-тите броеше над 600 парови, а сега е сведена на само 48 пара (податок од 2020 година), се наведува во научната студија.

Студијата, како што посочуваат од МЕД, е објавена во научното списание Journal of Applied Ecology и таа укажува на фактот дека сѐ додека смртноста на мршојадците е во најголема мера предизвикана од човекот реинтродукцијата дури и на 15 млади птици родени во заробеништво годишно не е доволна за одржување на балканската популација на египетски мршојадци.

-Предвидувањето на идните трендови на популацијата на египетски мршојадци е тешко, но она што со сигурност го знаеме е дека доколку не ги намалиме заканите, надежта за прежувување на балканската популација се мали, дури и покрај фантастичната поддршка која можe да ја даде реинтродукцијата, изјави Ненад Петровски, координатор на проектите за зачувување на мршојадците во земјава.

Египетските мршојадци мигрираат околу 5.000 км секоја година помеѓу нивните гнездечки и презимувачки територии. Овие прелети се опасни и многу птици умираат од човечки закани, како криволов, непосредно труење, електрокуција и судири со електорснабдувачки инфраструктури.

Истражувањата се изведени од страна на Научниот центар за зачувување на природата на Кралското друштво за заштита на птиците во Британија, Бугарското друштво за заштита на птиците, Македонското еколошко друштво, Грчкото орнитолошко друштво, Зелените Балкани, WWF Грција, Албанското орнитолошко друштво, Заштита и зачувување на природната средина во Албанија, Зоолошката градина од Прага и Европската асоцијација на Зоолошки градини и аквариуми.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:египетски мршојадци
Претходен напис Исплатени 182,3 милиони денари за субвенции за задржано женско јаре и за сертифициран семенски материјал
Следен напис Хоџа: Исплатени 182,3 милиони денари за субвенции за задржано женско јаре и за сертифициран семенски материјал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?