Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Депонии крај минералните извори во село Свињишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Депонии крај минералните извори во село Свињишта
Рурален Развој

Депонии крај минералните извори во село Свињишта

Објавено 16/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Надалеку познатите извори на минерална вода во село Свињишта, Кичевско, кои секојдневно се посетени од десетици жители како од Кичевијата, исто така  речиси  и од сите делови од западниот дел на Македонија, нагрдени се од ѓубрето кое во нивна непосредна близина го фрлаат неодговорните посетители.

Повеќето граѓани што ги посетуваат овие извори полнат минерална вода во големи количества и се грижат за околината. Но, не е редок случајот на посетители, кои од само на нив познати причини, фрлаат пластични шишиња, кеси и се што не им е потребно и ја нагрдуваат околината крај самите извори.

Изворот во село Свињишта

– Иако повеќето посетители на изворите се грижат за хигиената на самото место, но има и такви кои без посебна причина шишињата што не им се потребни, најлон кеси и друг отпад што го имаат кај себе ги депонираат кај самите извори. И така наместо чиста околина, прекрасните извори со минерална вода ги нагрдуваа оваа слика создадена од неодговорни посетители. Бидејќи во нашето село немаме комунално претпријатие, ѓубрето никој не го чисти и затоа депонијата од ден на ден е се поголема, нагласи Миле, постар жител на село Свињишта, кој истакна дека секојдневно доаѓа на изворот и полни вода толку колку што му е потребна за 24 часа.

Село Свињишта, Кичевско

Од грдата слика крај самите извори се разочарани поголемиот број  посетители така еден намерник од реканскиот, истакна дека е жалосно овој бисер на природата да се нагрдува од човечка рака.

– Наместо сите ние да се грижиме околината на изворите со минерална вода да ја разубавиме, поединци доаѓаат и фрлаати се што не им е потребно. Ова е можно само кај нас и никаде на друго место, бидејќи овие лековити извори наместо сите да ги чуваме, на поединци воопшто не им е важно дали нивната околина ќе биде уредена или не, вели Андреј Данилоски, жител од реканскиот крај.

Сите што тука доаѓаат прво што им паѓа в очи се депониите создадени на неколку метри од изворите.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:депонииСвињишта
Претходен напис Благојчо Божановски од Меден Исток ги охрабрува сите почетници кои се одлучиле да се занимаваат со пчеларство да бидат истрајни и големи ентузијасти
Следен напис Горивата поевтинуваат за половина денар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?