Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Во тек се јавните повици за земја до 3 ха, земјоделци, искористете ја можноста што ја нуди државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Во тек се јавните повици за земја до 3 ха, земјоделци, искористете ја можноста што ја нуди државата
АгровестиРастително производство

Хоџа: Во тек се јавните повици за земја до 3 ха, земјоделци, искористете ја можноста што ја нуди државата

Објавено 16/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 4 август Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави четири јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари на цела територија на Република Северна Македонија.

Предмет на јавните повици бр.01/21, 02/21 и 03/21 е слободно земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, а предмет на Јавниот повик бр.04/21 е давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над кое има долгогодишен насад. Рокот за доставување на понуди е 30 (триесет) дена сметано од денот на објавата.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ги потсетува земјоделците дека до крај на повикот имаат уште дваесетина дена и дека има време да аплицираат и да се вклучат во земјоделското производство.

–Земјоделци, искористете ја можноста која ја нуди државата за користење на земја до 3 хектари. Според моите информации интересот е одличен, но имате уште време да подготвите документи и да аплицирате. Во интерес на сите е земјата да се обработува и да се зголеми домашното производство на храна и други земјоделски производи – изјави за Агротим, Хоџа и додадава дека за земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп. Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека  настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закуп – вели Хоџа.

За дополнителни информации, потребната документација како и за условите за учество на јавните повици може да ја посетите веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.mzsv.gov.mk).

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АрјанитзакупземјаинформацииХоџа
Претходен напис Шапуриќ: Спроведена акција за спречување на криволов во Охридското Езеро
Следен напис Благојчо Божановски од Меден Исток ги охрабрува сите почетници кои се одлучиле да се занимаваат со пчеларство да бидат истрајни и големи ентузијасти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?