Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Течат преговорите за чартер летови Москва-Охрид во 2022 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Течат преговорите за чартер летови Москва-Охрид во 2022 година
Агровести

Течат преговорите за чартер летови Москва-Охрид во 2022 година

Објавено 12/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Една од најголемите руски авиокомпании „НОРДВИНД” најави дека од 2022 година, после точно 20 години пауза, повторно ќе ги поврзе Охрид и Москва со чартер лет, два пати неделно.

По неколку обиди минативе годините да се воспостави соработка на полето на туризмот и бројни посети на тур-оператори од Руската Федерација, со отворање на директна линија Скопје-Москва се отвара можност за соработка со еден од најголемите пазари.

Интересот на Руските туристи генерално е насочен кон културниот и верскиот туризам, но во последно време доминира интересот за специјализирани кратки одмори, до 4 дена, во кои руските туристи би имале полна агенда. Ено-гастро туризмот е нешто за што веќе има интерес и резервации, а веднаш зад него е активниот туризам, посебно параглајдингот.

Со воспоставување на редовна директна воздушна линија Скопје-Москва се овозможува и полесна соработка на сите полиња полиња, а посебно важно е дека ќе се зголеми просечниот престој на туристите од Руската Федерација од 2.2 дена на минимум 4 дена и ќе продолжи трендот на пораст на туристи од овој пазар, кој пред Корона кризата растел со 13% на годишно ниво.

Она што е карактеристично за оваа авио-компанија се флексибилните авионски билети, опции за лојалност и распоредот на летови, што овозможува полесно движење на туристите кои сакаат да патуваат индивидуално, но и оние кои ќе одлучат тоа да го сторат со посредништво од туристичка агенција.

Во периодот кој претстои, АППТ ќе организира бројни информативни патувања и Б2Б состаноци на рускиот и македонскиот туристички сектор, додека во 2022 година промоцијата на овој пазар ќе ја зајакне со промотивна кампања за туристичките потенцијали на земјава.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нортвиндохридСкопје
Претходен напис (Фото) Акција за собирање на пластични шишиња и отпадоци оставени после големите шумски пожари во Беровско-пехчевскиот регион
Следен напис Од пазарот се повлекуваат нови количини сладолед
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?