Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МФ: Македонските компании ќе може да учествуваат на НАТО тендерите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МФ: Македонските компании ќе може да учествуваат на НАТО тендерите
Агровести

МФ: Македонските компании ќе може да учествуваат на НАТО тендерите

Објавено 10/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонски компании од утре ќе може да учествуваат на јавните тендери на НАТО со годишен буџет од околу пет милиjaрди евра, соопшти Министерството за финансии (МФ). Измените на Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, со кои се овозможува ова, се објавени во Службен весник. Во Законот се утврдени процедурите и постапките согласно кои македонските компании ќе можат да учествуваат на јавните набавки за потребите на НАТО пазарот.

Со овој закон се уредува и начинот на проверка и потврдување на исполнетоста на условите за учество на економските оператори регистрирани во РС Македонија во постапките за набавки за потребите на Северноатлантската договорна организација и нејзините земји членки.

Економските оператори кои сакаат да учествуваат во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји членки се евидентираат во евиденција на економски оператори што ја води Министерството за одбрана.

-Членството во НАТО треба да делува како катализатор на економскиот раст. Со подобрување на состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот се очекува и поголем раст на странските инвестиции. Во примерот на Бугарија, странските директни инвестиции, анализирано пет години пред и по влезот во НАТО, се скоро три пати повисоки, односно од седум проценти на 19,8 проценти од БДП. Во Албанија тие се двојно поголеми, или од пет на девет отсто од БДП. Во Романија, исто така има висок раст, од 2,8 проценти на 7,2 процента по пристапувањето во НАТО, додека кај Чешка од 3,2 на 7,7 проценти, наведува МФ.

Според Министерството, во земјите кои пристапиле кон НАТО во 2004 година, просечниот раст на извозот се зголемил од 6,8 проценти во периодот пред зачленувањето во НАТО на 11,8 проценти во периодот по пристапувањето во НАТО. мч/лв/

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:министерство за финансиинато
Претходен напис (Видео) Петте најубави плажи во Преспа
Следен напис Утре локален пороен дожд, пад на температурите за 3 до 5 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?