Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Само со воведување на светски стандарди може да се спасат лозарството и винарството во Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Само со воведување на светски стандарди може да се спасат лозарството и винарството во Македонија
Агровести

Само со воведување на светски стандарди може да се спасат лозарството и винарството во Македонија

Објавено 05/08/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Голем дел од лозовите насади од сортите вранец и смедеревка во Тиквешкиот регион се оптоварени со род затоа што не се применуваат соодветни агротехнички мерки и стандарди. Ова е клучната констатација во најновата анализа на состојбата на лозовите насади во тиквешкото виногорје што ја направи Земјоделскиот институт при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, со цел да се направи соодветна проценка на приносот и квалитетот на најзастапените сорти пред почетокот на годинешната берба.

Конкретно, анализата на Институтот покажува дека просечниот принос кај вранецот од десетте најголеми локалитети во Тиквешијата оваа година изнесува над 24 тони по хектар, а кај смедеревката тој надминува и 28 тони по хектар. Од друга страна пак, науката и праксата покажуваат дека за да се постигне висок квалитет на грозјето родот мора да се ограничува помеѓу 4 и 8 тони по хектар, а во исклучителни случаи, кај високо родните сорти грозје како што се вранецот и смедеревката, тој не треба да надминува 12 до 16 тони по хектар.

Според ова, годинешниот род кај најзастапените сорти грозје во нашата земја е скоро двојно поголем од она што е дефинирано како светски стандард во оваа област. Дополнително, според познавачите на состојбите, голем дел од производителите на грозје во земјава го зголемуваат родот со тоа што неконтролирано и обемно го наводнуваат грозјето со што тоа добива на родност и тежина, но при тоа ја губи шеќерноста која има клучна улога во квалитетот на виното, затоа што од грозје со ниска шеќерност може да се произведе само вино со низок квалитет.



Мотивацијата кај производителите за постигнување што поголем принос на лозјата лежи во несоодветната политика на субвенционирање по килограм, наместо со неа да се поттикнува зголемување на квалитетот на грозјето. Науката и практиката докажале дека за да се произведе грозје со потребниот висок квалитет, неопходно е да се напуштат досегашните практики за зголемување на родноста и тежината на грозјето и задолжително да се воведат современи стандарди и агротехнички мерки со кои ќе се ограничи родот до потребното ниво, што е пракса во сите светски вински региони каде се произведуваат грозје и вина со премиум квалитет.

„Иднината и долгорочната развојна перспектива на македонската винска индустрија и лозарство зависат од тоа колку брзо ќе ги прифатиме и примениме светските стандарди во производство на грозје со висок квалитет, кое е неопходно за производство на врвни вина со премиум квалитет што се бараат од страна на потрошувачите, особено на странските пазари. Производството и пласманот на големи количини наливно вино со низок квалитет што сѐ уште доминира во нашиот извоз не ја подобрува нашата конкурентност и нашата репутација како винска земја во светски рамки“, велат од најголемата македонска винарница „Тиквеш“ која воедно е еден до најголемите извозници на премиум вина од земјата.

Инаку, за да го стимулира производството на грозје со висок квалитет, што е императив за „Тиквеш“, винарницата од оваа година започна да им нуди повеќегодишни договори на лозарите кои произведуваат сорти со највисок квалитет кои се особено ценети на домашниот и странските пазари. Истовремено, за грозјето со највисок квалитет кое се преработува во процесот на микровинификација, преку кој се произведуваат премиум вина во ограничени количини, предвидени се и посебни услови за плаќање на откупеното грозје кои се многу пократки од законски дефинираните рокови.

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:винарстволозарство
Претходен напис Што претставува кризна состојба?
Следен напис Ресен ќе прави листа со специјални возила што може да дејствуваат во пожар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?