Јован Дериволски во јуни годинава ја отворил првата апи-комора во Прилеп. Како што раскажа за Агротим, неговото семејство се занимава со пчеларство повеќе од 20 години, а пчеларникот кој го основал неговиот дедо се наоѓа во местото Мемедова Чешма во Мариово.
Јован веќе подолго време имал желба да направи нешто ново.

„За нешто ново имав желба уште од лани, инхалаторите ги набавив од Словенија. Комората функционира од јуни годинава. Се наоѓа блиску до Прилеп, на излезот од Прилеп кон Скопје на левата страна од селото Лениште. И тука оформувам нов пчеларник и здрави живи, поголема комора со место за спиење следната година“, вели Јован, кој се надева дека и неговите колеги пчелари ќе отворат повеќе апи-комори во Прилеп и околината.


Јован ни објасни дека не е потребно стручно лице да ракува со инхалаторот, а засега не се потребни никакви документи за да се отвори апи-комората, бидејќи според досегашните истражувања вдишувањето на аеросолите што се создаваат со испарување на сите пчелни производи не може да наштети туку само придонесува за зајакнување на имунитетот и олеснување на проблемите со дишењето, а особено е од голема помош за лицата кои страдаат од астма.


Во однос на трошоците, како што ни кажа Јован, инхалаторите во Словенија чинат 90 евра, поголема инвестиција е куќарката, зависи кој колкава сака. Комората на Јован е за двајца.



