Бербата на „црвено злато“ во Западна Србија деновиве завршува, а по долго време и долго чекање, малинарите конечно задоволно ги тријат рацете.
Рекордно висока откупна цена од обичните земјоделци за еден ден направи милионери.
Милија Поледица од селото Дивjак, заедно со своите два сина, подигнал плантажи на површина од шест хектари, вработил 60 сезонски работници, а неговата дневна заработка за последниот месец изнесувала околу 1,5 милиони динари.

„Чекавме конечно да дојде една добра сезона и дочекавме. Во претходните години се пребројувавме колку и дали ни останува заработка, а сега по бербата можеме да кажеме дека ова е една од најдобрите години за српските малини. Се надеваме дека ова ќе потрае и дека следната година ќе биде барем слична на оваа. Пред нас се големи инвестиции, бидејќи без разлика што и да мисли некој за нас, овие пари не паѓаат од небо, туку ги заработуваме крваво. Побаруваќката за црвеното злато беше голема поради намалување кај главните конкуренти, а цената по килограм се движеше во просек околу 400 динари за килограм, некаде дури и над историскиот максимум“, рекол Поледица, пренесува Рина.
По завршувањето на бербата во повеќето малинарници, овоштарите сега си дадоа малку одмор и се желни да слават и да се забавуваат. Еден земјоделес сакал да си купи авион.
„Сакаше на тој начин да им помогне на сите и одеднаш да ги испрска и навади сите малини. Сепак се откажа од таа намера”, велат жителите на селото Дивjак.

Според првите податоци добиени од Здружението на малини на Србија, оваа сезона се собрани околу 10.000 тони малини во малинарниците од областа Моравица и Златибор, што е помалку од минатата година кога приносите биле дури трипати поголеми.
„Минатата сезона, приносите беа околу 30.000 тони, а сега сушата, градот и мразот го зедоа својот данок, така што родот е многу помал. Со оглед на просекот од некои претходни години каде што приносите беа околу 50.000 тони, јасно е колку малината е загрозена кај нас. Проблемот го прави лошиот саден материјал, затоа е неопходно да се инвестира во насадите. Олеснителна околност е годинешната добра цена, но и државните субвенции со кои е полесно да се купат квалитетни садници без вируси”, рече Добривоје Радовиќ, претседател на Српското здружение за малини.
Целиот прилог можете да го погледнете на следниот линк:
Извор: b92.net
