Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отворена прва апи-комора во Североисточниот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Отворена прва апи-комора во Североисточниот регион
Рурален Развој

Отворена прва апи-комора во Североисточниот регион

Објавено 03/08/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Семејството Стошевски од Куманово, ја отвори првата апи комора во североисточниот регион во нивниот пчеларник во селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане.

Апи-терапија со инхалација помага при лекување на луѓето кои имаат астма, бронхитис, белодробни заболувања, проблеми со дишните патишта, инфекции и алергии, главоболки и мигрена, а го подобрува и имуниот систем.

Идејата дошла случајно, истражувајќи на социјалните мрежи и по едукациите со пчеларите, објаснуваат браќата Бобан и Сашо Стошевски, кои секое слободно време го поминуваат во пчеларникот опкружен со високи дрвја и недопрена природа во близина на реката Пчиња.

Во дворот во нивниот пчеларник, Стошевски од природни материјали – дрво ја изградиле апи комората-куќичка, цврст објект во кој се сместени сандаци со пчели. Пчелниот воздух е благодат, сметаат Стошевски.

– Читајќи, постојано едуцирајќи се за пчелите наидовме на нови методи за лекување со пчелен воздух. Многу напред отидоа научниците во Русија каде апи-терапијата кај нив е воведена во стандардната медицина, а исто напредни се и пчеларите во Словенија. Дојдовме со брат ми заедно на идеја да ја направиме комората, тоа е мала просторија, направена исклучиво од природен материјал, дрво, ниту внатре во комората никакви бои не се користени. Таму се сместени две пчелни семејства, во едно семејство има околу 80 литри волумен на воздух, тоа е воздух мешавина на нектар, прополис, поленов прав, матична млеч затоа што леглото на новите пчели до третиот ден се полнат со млеч, објаснува Бобан Стошевски.

И просторот околу апи-комората мириса на цветови и слатко. Оние кои страдаат од белодробни заболувања, астматичарите, оние што користат спрејови и други помагала можат да ја користат апи-терапијата, но само ако не се алергични на полен. За секој случај, во комората има и антишок терапија и филтри за полен. Еден од нив е и кумановецот Арифи Решат, кој после три години ги исфрлил од употреба лекарствата за дишење. За комората разбрал случајно и презадоволен е од ефектот.

– Вдишувам слободно, одлично се чувствувам имам мирен сон, вели Решат.

Инхалацијата трае дваесетина минути, по што е потребно да се паузира 40 минути и процесот се повторува. Апи терапијата ја користат кумановци и жители на регионот од 7 до 77 години, велат браќата Стошевски. Во наредниот период, најавуваат дека ќе отворат уште една апи комора и ќе им овозможат на сè поголемиот број заинтересирани граѓани да ја користат.

Двајцата браќа со пчеларство се занимаваат девет години, почнале со пчелни семејства сега имаат околу 250 кошници. Секое слободно време го поминуваат во пчеларникот, произведуваат роеви, матици, и самите кошнички ги изработуваат.

– За пчеларството 2019 година беше прекрасна година, имавме задоволителни количини. Минатата година беше катастрофална од 200 кошници немавме ниту грам мед, бевме принудени да ги прихраниме пчелните семејства за да ја преживеат зимата. Оваа година е нешто помеѓу 2019 и 2020 имаме принос на мед, но поради кратката и брза паша, според бројот на кошниците е задоволителна ќе има доволни количини за нашите корисници, но како што велат возрасните пчелари пред 20 години со ваков број на пчелни семејства би можело пристојно да се живее, вели Бобан.

Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане вкупно според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство има 445 пчелари и 19.068 пчелни семејства. Најмногу пчелари има во Куманово 219 со 9.272 пчелни семејства, следува Старо Нагоричане со 189 пчелари и 7.759 семејства, додека во Липково има 37 пчелари и 2.037 семејства.

Од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство појаснуваат дека пчеларството е еден од секторите во државата кој бележи тренд на зголемување и дека на пчеларите им се достапни повеќе програми за поддршка на производството.

– Apis melifera macedonica е наша автохтона раса на пчела со којашто може да се пофалиме и која е признаена во светски рамки. Преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството поддржано е засадување медоносни растенија (фацелија) 12.000 денари по хектар, со цел да се обезбеди нектар. Планирани се и мерки преку Програмата за рурален развој и ИПАРД програмата за поддржување на иновации во однос на пчелни производи, но и за развој на пчеларскиот туризам како една од мерките за подобрување на условите за живот во руралните средини, подобрување на квалитетот на производство и дистрибуција на квалитетна и здравствено безбедна храна, каде што припаѓа и медот, информираат од МЗШВ.

МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:апи комораСтаро нагоричане
Претходен напис Бачовски: Од денес започнуваме со изготвување на решенијата за исплата на субвенциите за овци
Следен напис Хоџа: Преку партнерски однос со лозарите и винарските визби можеме да ја зајакнеме оваа стратешка земјоделска гранка која има сериозно учество во вкупниот извоз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?