Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винарија „Звонко Богдан“: Вински туристички сон во Суботица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Винарија „Звонко Богдан“: Вински туристички сон во Суботица
Магазин

Винарија „Звонко Богдан“: Вински туристички сон во Суботица

Објавено 04/08/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Некои од многубројните посетители на единствената по многу работи винаријата на Звонко Богдан на Палиќ во Суботица, ја опишуваат како оригинален замок, можеби дворец од бајките и соништата опкружен со лозја. Некои други ги потсетува на големите светски музеи, додека оние третите едноставно уживаат во волшебниот амбиент на виновата лоза, околните езера, врвните вина и гастрономија во ентериерот каде што секое катче привлекува внимание. Конечно, сето тоа е заокружено со легендарниот музички бренд на Војводина и Србија, името Звонко Богдан.

May be an image of outdoors

Идеално сместена на јазолот на европските магистрали кои водат кон Средоземјето, веднаш до границите на ЕУ, винаријата „Звонко Богдан“ од првата средба просто боде во очи со своите бројни занимливости, дали тоа се фигурите во природна големина на Звонко Богдан и неговите тамбураши пред главниот влез, или препознатливата архитектура на шарените саксии и фантастичните домови на некогашната војводинска аристократија.

За индивидуални и групни посети можни се три нивоа на обиколка во придружба на стручен водич на српски, англиски и унгарски јазик: „Стандард“ со три вина од Класик линијата, „Премиум“ во кој се четири Премиум етикети и „Лукс“ каде што во дегустацијата се шест вина од Премиум, и од најголемата Икон линија.

May be an image of outdoors

Да дојдеш во Суботица, да се прошета винаријата „Звонко Богдан“, а да не се спојат прекрасните вина со храна, некако не оди. Три видови на закуски се тука за да го заокружат доживувањето.

  • Во такви едночасовни обиколки со дегустирање на вино уживаат околу 90 проценти на посетителите – објаснува Драгана Васиљевиќ, менаџер за вински туризам. – Податоците се разликуваат од година до година, посебно за 2020 кога короната промени доста работи, но просечно голема е посетеноста на годишно ниво. Агенциите најчесто носат поголеми групи, често тоа се гости од Хрватска и Словенија, Македонија, за викенд и по десетина автобуси. Тоа се вистински вински туристи кои сакаат да ја видат винаријата, да ги пробаат вината, да ја прошират винската култура. Во прилика сме преку винските тури на некој начин да ги едуцираме луѓето, не само поврзано за нашата винарија и процесот на производство туку и за Србија како винска земја, за сортите, каде, што и кога настанало.

За оние кои сакаат целосно доживување, се нудат два аранжмана по системот Wine & Deli: Premium i Lux.

May be an image of bottle and indoor

Премиум за минимум две лица опфаќа обиколка на винаријата во траење од три часа додека се дегустираат четири вина од Класик и Премиум линијата, и уште едно такво со послужување сочинето од широк избор на врвни странски сирења, италијански сувомеснати деликатеси. Но не се заборавени ниту домашните чварки, зелените маслинки, бадемот, овошјето.

May be an image of indoor

Лукс варијантата е гастрономски сериозен зафат. Покрај обиколката на винаријата со дегустација на шест вина и аперитивни ракии следува и богато мени. Со тоа во изобилство се точат вина од Класик и Премиум линијата. Комплетното доживување трае три часа и предвиден е минимум за шест лица. Секако дека во ваков простор мора да постои и „специјална понуда“ која на гостите дополнително ќе им се одземе здивот. Најавата и резервацијата се задолжителни минимум два дена порано. Ако се запрашате колку посетители одеднаш можат да бидат во винаријата, Драгана вели дека имала дегустации за 300 лица, но можно е да има и само еден гостин.

May be an image of indoor

Посебна атракција е Салашот на Звонко Богдан оддалечен десет минути возење од винаријата. Прима максимално 180 луѓе во големата сала и 220 на терасата главно резервирана за свадби и корпорациски прослави. За винскиот туризам наменета е помала сала со 50 места, но тука треба да се знае дека не се можни индивидуални посети. После дегустација на вина во винаријата во траење од час и половина до два, за групи од минимум дваесет луѓе дружењето ќе може да продолжи на салашот со ручек во пријатен, автентичен војводински амбиент.

  • Со водичите често се договораме Звонко да дојде и да ги поздрави гостите, а тој тоа го прави. Секогаш е расположен за љубителите на виното и тамбурашите. И тогаш во винаријата настанува хаос со песна и дружење – открива Драгана.
May be an image of fruit and indoor

Значи, ако го посетите Палиќ, со огномет и арома на вкусови, грижливо избрана музика на Звонко Богдан од разглас, и уметнички дела кои ве опкружуваат, ќе разберете поради што оние кои престојувале во винаријата „Звонко Богдан“ ја опишуваат како епицентар на хедонизмот.

Портите на една од секако најубавите и најголемите винарии во Србија се отворени од 10 до 16 часот од недела до среда, а до 18 часот во четврток, петок и сабота.

May be an image of indoor

Извор: vino.rs

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:zvonko bogdanзвонко богдан
Претходен напис По жетвата во Србија пченица и за извоз, родот на пченката до седум тони, сојата поминала лошо
Следен напис Како да го намалите ризикот од напад на пчела кога сте во природа?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?