Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Припадниците на Армијата се ангажираат во најкритичние точки во справување со пожарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Припадниците на Армијата се ангажираат во најкритичние точки во справување со пожарите
Агровести

Припадниците на Армијата се ангажираат во најкритичние точки во справување со пожарите

Објавено 03/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на вчерашниот ден беа ангажирани во гасење и локализирање на пожарот во реонот на Старо Нагоричане каде што исфрлија повеќе од 50 тони вода, од раните утрински часови се ангажираа на пожарот кај Кочани.

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на вчерашниот ден беа ангажирани во гасење и локализирање на пожарот во реонот на Старо Нагоричане каде што исфрлија повеќе од 50 тони вода, од раните утрински часови се ангажираа на пожарот кај Кочани, при што два хеликоптери непрекинато учествуваат во гаснењето на пожарот и ставање под контрола, додека во исто време уште еден хеликоптер е во целосна подготвеност за ангажирање. Во исто време во касарните во целосна подготвеност за ангажирање се ставени уште илјада припадници на Армијата кои во случај на укажана потреба ќе бидат ангажирани во истиот момент.

Ова беше речено на утринскиот итен состанок на министерката Шекеринска со началникот на Генералштабот Ѓурчиновски и армискиот врв, за координација на учеството на Армијата во справувањето со пожарите.

Вчеравечер, по издадената наредба од претседателот на Македонија и врховен командант на Вооружените сили Стево Пендаровски, началникот на генералштабот на Армијата издаде наредба за ангажирање на сите потребни капацитети на Армијата за справување со пожарите кои се присутни на територијата на Републиката.

Припадниците на Армијата во координација со сите инволвирани субјекти започнаа со координиран и насочен ангажман со ангажирање на потребен број на персонал и средства при што во доцните вечерни часови стотина армиски припадници се вклучија во гаснењето на пожарот кај Кочани, додека од раните утрински часови потребен број на припадници на армијата се вклучија во гасење на активниот пожар во реонот на Делчево и Пехчево.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:армармијапожари
Претходен напис Нови пет милиони евра од ЕБОР за подобрување на енергетската ефикасност во домовите
Следен напис Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?