Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Микропивара, брза и здрава храна, рурален туризам, пчелни продукти – успешни бизниси во Битолскиот регион, праведната транзиција е остварлива
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Микропивара, брза и здрава храна, рурален туризам, пчелни продукти – успешни бизниси во Битолскиот регион, праведната транзиција е остварлива
Рурален Развој

Микропивара, брза и здрава храна, рурален туризам, пчелни продукти – успешни бизниси во Битолскиот регион, праведната транзиција е остварлива

Објавено 02/08/2021
Сподели
12 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Периодов често се зборува за зеленото сценарио и идното и неоходно затворање на РЕК Битола, но тоа претставува огромен притисок за вработените, бидејќи станува збор за многу голем број луѓе кои со тамошните примања ги хранат нивните семејства. Единствен чесен пат во таа приказна, според експертите, е спроведување на вистинска праведна транзиција со цел тие луѓе да продолжат да егзистираат, а со тоа да не пострада и економијата во Битолско.

Здружението „Еко-свест“ се залага за спроведувањето на праведна транзиција во тој регион и од таа причина спроведе медиумска тура за да не запознаат со тамошните успешни бизниси, што претставуваат мотив за да се покаже и докаже дека може да се најде и друг пат за егзистенција.

–Доколку сакаме развој, особено во Битолскиот регион, единствената можна одлука е да се „пензионира“ РЕК Битола и да се даде сериозен акцент на вистинска праведна транзиција. Ова вклучува широки консултации со граѓаните и другите чинители за можностите и потребите за економски развој на заедницата кој нема да зависи од електраната. Само со ваков пристап оддолу-нагоре во донесувањето на одлуки, Битола ќе добие праведна транзиција. Во спротивно, ќе добие само транзиција, која според поранешните искуства на транзиција ниту ќе биде праведна, ниту ќе биде пријатна, нагласи Невена Смилевска од „Еко-свест“.

Она што е најважно во целиот процес, е да се слушне мислењето на граѓаните, да се исполнат нивните потреби, а со тоа да се поттикне и развојот на регионот. Жителите велат дека регионот има огромен капацитет за различни видови на туризам, плодна почва за одгледување на земјоделски производи, средени локали, со што на туристите може да им се понуди вистинско уживање, но постојат проблеми кои треба да се решат, најмногу инфраструктурни.

Бакревски Горан – сопственик на микропивара

–Јас сум Бакревски Горан, заедно со мојот брат Марјан правиме домашно пиво. Ние ја отворивме првата микропивара во Битола. Идејата за пиво ни се роди пред околу 5-6 години затоа што имавме желба да направиме домашно пиво. Пред две години откако сфативме дека продуктот е добар и дека на сите околу нас им се допаѓа, почнавме да вложуваме да развиваме микропивара и од јануари месец ова година микропивара и е регистрирана, раскажа Бакревски.

Тој наведе дека во мометов микропиварата работи со капацитет од околу пет тона месечно.

–Поради големата побарувачка во следниот период ќе почнеме да вложуваме нови пари, за нови средства за да можеме да ги кренеме капацитетите. Со овој капацитет којшто го имаме, можеме да го продаваме пивото исклучиво само на територијата на Битола и во околината. Како што ќе ги зголемуваме капацитетите така ќе ги зголемиме можностите да одиме и во другите градови, додаде Бакревски.

Тој потенцираше дека за некој да се занимава со таков бизнис најмногу е потребно да се има љубов кон таа работа.

–Љубовта е прва почетна точка и најважна според мене, потоа многу е битно работа и нормално се потребни финанси. Во однос на започнување на бизнис, условите за бизнис се релативно добри, но како апел од наша страна е да се намали бирократијата, истакна Бакревски.

Дарко Милевски – сопственик на ресторанот „21-10“ за брза и здрава храна

–Идејата е да се промовира и да се едуцира населението, локалното и нормално сите туристи, сите граѓани во нашата држава за тоа што нудиме, односно за начинот на исхрана кој може да биде многу поздрав, но може да биде исто така и брз, нудиме бургери, тортиљи, интегрални пици, безглутенски, топчиња енергетски со тартови и смути, џусеви… Така што има голем широк асортиман, наведе Милевски. Тој посочи дека нивниот начин на работа е „еко свесен“. Имаат многу мал дел од производи од животинско потекло, сѐ се прави рачно и е минимално процесирано.

–Но, за да ја подигаме сѐ повеќе еко-свеста имаме потреба од поддршка за набавка на таа амбалажа што би била еко разгадлива, односно ние се трудиме да користиме од бамбусово потекло, но сепак се надевам дека еден ден и пластиката ќе ја исфрламе од употреба и со тоа ќе нѐ поддржат институциите што се задолжени за тоа, посочи Милевски.

Тој наведе дека во ресторанот се вработени четири лица.

–Визијата наша е значи реплицирање на „21 10“ најпрво во нашата држава и понатаму по сите големи европски центри. Така што се надеваме дека нашата идеја ќе ја поддржат и ќе ја прифатат и други наши истомисленици и ќе ја подигнуваат свеста не само во нашата земја туку и секаде во светот, додаде Милевски.

Пеце Цветковски – сопственик на „Вила Дихово“

Цветковски раскажа како одлучил од град да се врати да живее во село и таму да започне свој бизнис.

–Ме освои самата природа, плус јас бев тука роден, растен тука. Патувајќи низ светот, Европа, колку што можев како фудбалер видов и дека и овде имаме нешто што може да го продаваме, потоа што секоја држава ја има својата историја, својата култура и својата природа, наведе тој.

Во вилата на Цветковски е задржан „етно стилот“, таму гостите можат да уживаат во локалните специјалитети, како и во домашното вино и ракија што ги произведува Цветковски од сопственото лозје.

–Значи целта беше како ние да ги активираме локалните производи, овчарите со сирење, пчеларот, сета таа храна што ја имаме како да ја понудиме, да ја промовираме меѓу себе, да понудиме квалитетна храна, а од друга страна парите да останат тука меѓу нас. Имаме наше лозје, правиме вино без сулфати, без конзерванси, без стабилизатори, самата местополажба на лозјето до 1000 метри на висина даваше голема предност. До денес правиме ист домашен маџун што е познат, па си го мешаме со домашна киселина, па си правиме домашно балсамико. Значи имаме можности, си правиме домашна ракија, домашна мастика, уникатни зачини, посочи Цветковски.

Тој истакна дека покрај нивната вила, убедиле уште неколку фамилии во Дихово да почнат да ги издаваат нивните куќи, а со тоа да се зголеми и сместувачкиот капацитет во селото.

Нацо Јовчевски – пчелар од Дихово

–Јас се занимавам со пчеларство од 16 години. Пчелите ги чувам и живеам во Дихово, имам четири пчеларници моментално на четири различни локаци во Подпелистерието, имам приближно 400 пчеларни семејства. Со пчеларството започнав сосем случајно, тука се јави таа љубов за пчелите и видов дека пчелите се нешто што не е истражено, секогаш имаш нови работи, секогаш имаш свој начин на работа, начин на пчеларење. При тоа ми беше еден вид како предизвик, исто така ми беше желбата за изработка на пчелните семејства, сандаци да речам, изработката на дрво како хоби. И тука направив да речам една спојка помеѓу пчеларството и желбата за работа со дрво, за да можам да го работам ова, пчеларство, раскажа Јовчевски.

Тој истакна дека климатските промени се еден глобален проблем што го чувствуваат и пчеларите бидејќи секоја година имаат некаква последица од тие климатски промени, дали ќе имаме, како што рече, многу топла зима која во пролетниот период веќе се одрази со пролетни мразеви коишто ќе уништат дел од цветовите кои фактични треба да биде првата паша на пчелите.

–Како држава не знам колку, мислам дека многу малце се преземаат некои активности да се ублажат тие климатски промени и исто така бидејќи пчелите се едно од најбитните организми да ги наречам во природата, бидејќи прават 80 % од опрашувањето на растенијата. Исто така како проблем што се јавува кај пчелите покрај климатските промени е прекумерната употреба на пестициди, сето тоа влијае на намалување на пчелните семејства, наведе Јовчевски.

Тој нагласи дека клучната работа што треба да ја преземе државата е да направи црна листа на пестициди, сите пестициди кои ги убиваат пчелите да бидат забранети за употреба, тогаш, како што рече, ќе имаме помали загуби на пчели, значи нема да го имаме проблемот со изумирање.

–Во последно време сѐ поактуелна е употребата на здрава храна и тука се јавува свеста кај помладите луѓе да одгледуваат нешто и самите да произведуваат, да одгледуват нешто за нивни потреби. Така во последните неколку години зголемен е бројот на одгледувачи на пчели на помлади години да речам, чисто прво му е предизвик да си произведуваат храна, но тука имаме и финансиски бенефит. Пораката до младите е да се занимават професионално еве конкретно со пчеларство доколку сакаат, значи да си работат професионално, да се придржуваат кон тие протоколи што се за работа. Работата е тешка, не можам да речам дека е лесна работа бидејќи сето тоа е предизвик, посочи Јовчевски.

Мимоза Кочавска – технолог во производен погон „Гермина“ во село Гермијан

–Во моментов сме вработени 12 души во фабриката и сите сме локално, можам да кажам дека 50 проценти од вработените се конкретно од село Гермијан, од општина Новаци. Се размислува во насока на проширување на производниот погон со нови производи, со нови формати и сите останати тенденции на проширување на производството. Планираме нормално и вработувањето да биде зголемено така што се планира во основа да бидат луѓе од општина Битола и општина Новаци. Значи најбрзо што можам да го кажам како компанија Ал Насер е тоа дека веќе размислуваме и сме во постапка на набавка на линија за производство на минерална вода во стаклена амбалажа. Дел од производството на пластика ќе го замениме со стаклена амбалажа, а во догледно време компанијата, односно сопствениците размислуваат и пластиката да ја променат, односно да почнеме да размислуваме за воведување на линии за производоство со рециклирана пластика со цел да ја заштитиме животната средина, истакна Кочавска.

Успешните бизнис приказни кои ги слушнавме во Битолско се стремат кон проширување, а со тоа и дополнителни вработувања, покренување на еко-свеста и промовирање на регионот. Овие луѓе се доказ дека постои начин да се спроведе праведна транзиција, само е потребна волја, како и помош од државата.

МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Коњановски: Битола и Пустец ја продлабочуваат соработката преку заеднички проекти
Таг:бакревски горанбитолагерминадарко милевскипеце цветковски
Претходен напис Кога возрасните сточари веќе не можат, помладите најчесто ги продаваат стадата
Следен напис Стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?