Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се очекува глобално поскапување на гумите, една од причините болеста која ги напаѓа насадите со каучук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се очекува глобално поскапување на гумите, една од причините болеста која ги напаѓа насадите со каучук
Агровести

Се очекува глобално поскапување на гумите, една од причините болеста која ги напаѓа насадите со каучук

Објавено 27/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Веста дека има недостиг на материјали за производство на земјоделска механизација низ целиот свет е веќе добро позната, а сега глобалните медиуми јавуваат за дополнителна закана и оскудни залихи на природна гума. Според Еверстрим, првото габичното заболување ги нападнало стеблата на растението Heavea brasiliensis, од кое се прави каучук, односно природна гума.

Овие стебла ги има во изобилство во областите со тропска клима. Главните производители се концентрирани во Југоисточна Азија, а Тајланд е најголем производител и извозник, со повеќе од една третина од глобалниот извоз на природна гума, а следат соседните Индонезија, Виетнам и Малезија.

Од поплави до пандемии

По глобалниот недостиг во 2011 година, предизвикан од силните поплави во тој дел од светот, како и големата побарувачка од Кина, никнаа многу нови насади што предизвикаа прекумерна понуда на пазарот и доведоа до намалување на цените во следната деценија. Постојано ниските цени не беа поттик за земјоделците да садат нови дрвја, а во исто време нема големи компании кои се занимаваат со ова производство што би можело да помогне во прилагодувањето на пазарот кога ќе се појават проблеми со синџирот на снабдување.

Нова криза настапи во 2020 година, предизвикана од пандемијата ковид-19 и големата побарувачка на гумени ракавици. Покрај тоа, земјоделците се соочија со недостаток на работна сила поради ограничувањата на работниците мигранти.

Покрај сето ова, земјите производители беа изложени на временски нарушувања, особено екстремните во 2020 година кога Тајланд беше погоден од најголемата суша во последните неколку децении, а потоа и од силни поплави што ги оштетија плантажите со гума. Виетнам го погодија тајфуните, а високото ниво на врнежи во делови на Југоисточна Азија создаде поволна средина за заболување на габични лисја што им штети на дрвјата и се шири во регионот од 2019 година.

Поскапи и синтетичките

Договорените цени на каучукот во првите месеци од оваа година достигнаа четиригодишен максимум и се зголемија за дури 57 проценти од април 2020 година. Чекањето за испорака на гума е петпати подолго, што дополнително ги комплицира производните процеси.

И цената на нафтата порасна, што се рефлектираше и во цената на синтетичката гума, која во првите шест месеци од годинава чинеше 66 проценти повеќе од лани. Бидејќи на стеблата на каучук им требаат околу седум години за да достигнат големина на обработка, малку е веројатно дека достапната понуда значително ќе се прошири во блиска иднина. Поради претходните недостатоци, професионалците за набавки се свртеа кон синтетичка гума, иако таа замена зависи од примената. Сепак, може да се очекува дека и нејзините цени до одреден степен ќе се зголемат како резултат на наглото зголемување на оние за природна гума, како што беше случај за време на недостигот во 2011 година.

Цената на електричната енергија исто така се зголеми, што е особено важно за земјите каде што се произведува гума. Дополнителното зголемување беше предизвикано од поскапите транспортни трошоци, особено трошоците за испорака како резултат на зголемувањето на цените на контејнерите.

Гумите во Европа оваа година веќе поскапеа, а во целиот систем производител-трговец се малку пониски за да се избегнат поголеми зголемувања на цените. Сепак, во втората половина на годината може да се очекува да бидат значително поскапи.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:гумикаучуктракторицена
Претходен напис Лалчевска: Од денеска и официјално електронското издание на „Службен весник“ добива иста правна важност со печатеното издание
Следен напис Ратко Захариевски од Македонска Каменица, производител на шафран: Зачинот планирам да го продадам во Швајцарија каде што ми се нуди одлична цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?