Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бизнисмените од Кочани и Берово со голем интерес за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, в среда караванот се сели во Охрид и Вевчани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бизнисмените од Кочани и Берово со голем интерес за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, в среда караванот се сели во Охрид и Вевчани
Агровести

Бизнисмените од Кочани и Берово со голем интерес за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, в среда караванот се сели во Охрид и Вевчани

Објавено 26/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставници од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заедно со претставници од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, денеска во Кочани и Берово ги одржаа првите ИПАРД инфо денови.

На ИПАРД инфо денот и во двете населени места присутните се интересираа за начинот и потребната документација за аплицирање за Мерка 7 „Диверзификација на фарми  развој на мали бизниси“. Дел од претставниците од бизнис заедницата покажаа интерес за можноста за развој на нови производи во секторите  билни екстракти, зачини, колачи, производи од овошје, како и отворање на нови капацитети за развој на туризмот. Во помал обем имаше интерес и за зачувување и промоција на традиционалните занаети.  

Преку овој Јавен повик на располагање се вкупно 9,6 милиони евра, висината на финансиската поддршка по корисник се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредност, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.  

Средства за овој јавен повик  може да се инвестираат во следниве приоритетни сектори:

1.     Алтернативно земјоделско производство

2.     Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:

·        Алкохолни производи од овошје и пиво;

·        Колачи, тестенини и пекарски производи;

·        Чај и билни екстракти;

·        Зачини и билки;

·        Слатководна риба, ракови и мекотели и

3.     Производство на непрехранбени производи

4.     Занаетчиски дејности, кои се во согласност со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите

5.     Обезбедување на услуги во земјоделството

6.     Развој на услуги за руралното население

7.     Промоција на руралниот туризам

Со средствата од оваа мерка од ИПАРД 2, директно се поттикнуваат вработувањата, а се зголемува и економската активност во руралните средини.

Караванот на ИПАРД инфо деновите веќе во среда се сели во Охрид и во Вевчани.

Сите кои се од Охрид а сакаат да се запознаат со можностите кои ги дава Мерка 7, ќе може да дојдат во зградата на општина Охрид во 11 часот. Веќе во 13 часот караванот се сели во општинската зграда на општина Вевчани.  

Сите информации и потребната документација за овој повик може да се најдат на веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk .

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Таг:ИпардМерка 7
Претходен напис Научниците изненадени од брзината на климатските промени
Следен напис Сончево и многу топло со температура до 39 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?