Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Научниците изненадени од брзината на климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Научниците изненадени од брзината на климатските промени
Агровести

Научниците изненадени од брзината на климатските промени

Објавено 26/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Предвидувањата на научниците за глобалното затоплување се покажаа како точни и сега тоа го гледаме со свои очи, изјави Корин Ле Квере, климатолог на Универзитетот Источна Англија. Научници од цел свет на виртуелен состанок следните две недели ќе се обидат да го комплетираат најновиот извештај за состојбата на климата, а екстремните временски услови со кои се соочува светот дополнително ја истакнуваат потребата од подетално истражување за тоа како ќе се развива ситуацијата, особено локално.

Списокот на екстремни временски појави во последните неколку недели е застрашувачки: невидени обилни дождови проследени со разорни поплави во Европа и централна Кина, температури од 49 степени Целзиусови во Канада, тропски горештини во Финска и Ирска, пожари во сибирската тундра, шумски пожари во САД од невидени размери и рекордна суша низ целиот американски запад и делови од Бразил.

– Предвидувањата на научниците за глобалното затоплување се покажаа како точни и сега тоа го гледаме со свои очи – изјави Корин Ле Квере, климатолог на Универзитетот Источна Англија.

Научниците одамна најавија екстремни временски услови, но многумина се изненадени колку ги има и колку брзо се случуваат.

На глобално ниво, атмосферата во моментов е потопла за 1,2 степени Целзиусови од просекот во прединдустрискиот период. Договорот за климата во Париз има за цел да го задржи на 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период.

– Не се работи толку за тоа дека климатските промени се случуваат побрзо отколку што се очекуваше – затоплувањето е во рамките на моделот на прогноза од пред неколку децении, но ние сме загрижени што некои од последиците се посериозни отколку што се очекуваше – рече експертот за клима Мајкл Ман од државниот универзитет во Пенсилванија.

Според него, тоа наведува на заклучок дека предвидувањата за климатските промени го потцениле „потенцијалот за драматично зголемување на постојаните екстремни временски прилики”.

Во следните две недели, научници од Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) ќе го финализираат првиот дел од шестиот извештај за климатските промени и ќе ги ажурираат научните податоци и проценки поврзани со емисиите на стакленички гасови, идното глобално затоплување и последиците од овие промени.

На виртуелните состаноци, покрај научниците, ќе учествуваат и владини претставници.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:klimaглобачлно затоплувањеклиматски промени
Претходен напис Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за еден денар
Следен напис Бизнисмените од Кочани и Берово со голем интерес за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, в среда караванот се сели во Охрид и Вевчани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?