Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Свети Николе се гради нов Противпожарен дом
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Свети Николе се гради нов Противпожарен дом
Магазин

Во Свети Николе се гради нов Противпожарен дом

Објавено 19/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Приоритет на Владата е подобрувањето на пожарникарските услуги, како јавен сервис на граѓаните, порача  министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на поставувањето камен темелник за изградба на новиот Противпожарен дом во Свети Николе, на кое присуствуваа градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски и пожарникарите.

-Потребата за современ, модернизиран и рационален објект е услов, кој треба да одговори на сите поставени функционални барања на пожарникарската дејност. Оваа модерна зграда ќе го обезбеди, токму тоа, рече Бочварски.

Светиниколскиот градоначалник, Велковски истакна дека пожарникарите ќе добијат нов Противпожарен дом благодарение на големата донација од Амбасадата на САД, како и Инженерската команда на морнаричките сили на САД во износ од 450.000 долари.

-Ја користам приликата во името на граѓаните на Општина Свети Николе да упатам јавна благодарност до сите, што ни излегоа во пресрет за реализација за овој за нас значаен капитален објект, посочи Велковски.

Рокот за изградба е една година, но верува дека Противпожарниот дом ќе биде изграден пред рокот.

Командирот на Противпожарната станица во Свети Николе, Зоран Салтиров нагласи дека изградбата на новиот дом за 16 пожарникари ќе значи современи услови за работа и обука. Старата зграда, која беше на истата локација, а сега е урната, била изградена во 80-тите години на минатиот век, но без никакви стандарди.

-Опремата и возилата ни се по никакви стандарди се случува возилото да отиде на пожар, но да застане, па бараме мајстор да го поправиме и бараме друго возило за да интервенираме на терен. Сега, благодарение на градоначалникот и на неколку луѓе во градот очекуваме овие денови да пристигне возило од Словенија, а наредниот месец да стаса и возилото од Англија, со што ќе се подобри возниот парк, посочи Салтиров.

Свети Николе ќе добие современ Противпожарен дом, а истовремено и тренинг центар. Градоначалникот Велковски вели дека изградба на Противпожарната станицата ќе биде по сите меѓународни стандарди, а обврска на локалната власт е да го опреми Противпожарниот дом. Општина Свети Николе од сопствениот буџет ќе набави и еден нов теренски џип за пожарникарите. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Противпожарен домсвети николе
Претходен напис Зголемен водостојот на Дојранското Езеро
Следен напис До вторник променливо облачно и врнежливо, од среда стабилизирање на времето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?