Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Пред празникот Курбан Бајрам, засилени инспекциските контроли на добиточните пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > АХВ: Пред празникот Курбан Бајрам, засилени инспекциските контроли на добиточните пазари
Сточарско производство

АХВ: Пред празникот Курбан Бајрам, засилени инспекциските контроли на добиточните пазари

Објавено 18/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, пред претстојниот голем муслимански празник Курбан Бајрам, одржа работен состанок со претставници на Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи и општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, со цел координирање на активностите на секоја од институциите, за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојба на животните. Инспекциските служби спроведувааат вонредни засилени контроли на добиточните пазари и локациите надвор од нив, а за кои имаат сознанија дека таму се врши нелегална трговија со добиток и недозволено колење. 

-Целта на овие активности е да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и да се гарантира консумација на безбедно месо, кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници. Агенцијата за храна и ветеринарство како  одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, апелира до граѓаните за претстојниот празник да не купуваат добиток од дивите пазари, бидејќи таму нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање може да се доведе здравјето на купувачите и нивните семејства – вели Бабовски.

Движењето на животните да се врши исклучиво со поседување на сертификат за здравствена состојба на секоја единка, а колењето на животните да се врши во одобрени кланици од страна на Агенцијата, освен за животните кои се колат за сопствени потреби, за што треба да биде известен официјален ветеринар или овластено ветеринарно друштво кое треба да изврши одјавување на закланата единка од Ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство. Бабовски апелира граѓаните да бидат внимателни и при набавка на месо кое треба да се купува од одобрени месарници, кои ги имаат имаат имплементирано стандардите за безбедност на храната.

Може да ви се допадне

АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
Уапсена сопственичка на говеда во Кривопаланечко, повторно спречувала службеници на АХВ
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
Таг:ахвБајрамдобитокживотникурбан
Претходен напис ЦУК со укажување за превентивни мерки заради најавите за невреме
Следен напис Опстанокот на реките и езерата во рацете на човекот, ќе дозволиме ли да секне изворот на живот?!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?