На Фејсбук страната Кози Млеко Планина и денеска еден прекрасна објава која ви ја пренесуваме во целост:

Минатава недела се дружевме со @angelakovacheva02 , таа студира ветерина во Будимпешта на која и беше потребна пракса и треба да ја приложи активноста и стекнатото искуство и знаење.

Вистински уживав во дружбата, едноставно неможе поинаку со некој кој обожава животни и им го посветува својот живот.


Во шталата им дававме да јадат, се грижевме за хигиена на вимињата и дезинфекција на системот за молзење, средивме некоја козја бубулица и некое копито, потоа Анѓела комотно ни ги покажа своите фризерски вештини за што најблагодарна е Марица.

На прошетките со козите се запозна со богатиот биодиверзитет на Раштак и слободниот нарав на козите и јарињата.

Се надеваме дека твојата акција ќе охрабри и некој студент од Скопје.Ти посакуваме добро здравје и голем успех во животот. ![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()

