Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оваа година градината „обојте“ ја виолетова – освен визуелното доживување, растенијата и плодовите со виолетова боја се многу здрави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Оваа година градината „обојте“ ја виолетова – освен визуелното доживување, растенијата и плодовите со виолетова боја се многу здрави
Магазин

Оваа година градината „обојте“ ја виолетова – освен визуелното доживување, растенијата и плодовите со виолетова боја се многу здрави

Објавено 12/07/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Виолетовата боја симболизира моќ, дарежливост, изобилство и амбиции. Со виолетовата боја се врзува мудроста, достоинството, независноста, креативноста, таинственоста и магијата. Па зошто тогаш во таква боја не би била и вашата градина?

Оваа година својата градина обојте ја во виолетова боја – освен визуелното доживување, растенијата и плодовите со виолетова боја се многу здрави.

Виолетовата храна е богата со антиоксиданси кои се чистачи на организмот. За клетките да ги одржите во добра форма, важно е тие добро да се хранат со кислород. Антиоксидансите собираат и исфрлаат слободни радикали од организмот, и така на директен начин придонесуваат за здрави клетки и ги одржуваат сите органи во добра форма.

Предностите на антоцијанот, супстанцијата која е одговорна за виолетовата боја во зеленчукот, поврзана е со спречување на воспалителни процеси. Исто така, добра е за видот, крвната слика, регулирање на крвниот притисок и дијабетес. Најновите истражувања покажуваат дека корисните материи од виолетовото овошје и зеленчук имаат позитивно влијание во борбата против Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест, како и мултиплекс склероза.

Скапоцениот виолетов зеленчук, кој ја разубавува вашата градина и чинија го сочинуваат црвен кромид, цвекло, модар патлиџан, црвена зелка. Со малку труд можете да најдете и домат со виолетова боја, пиперка, морков, боранија и лути пиперчиња.

Според подаците на американското Министарство за земјоделство, компирот со виолетова боја има четири пати повеќе антиоксиданси од белиот и црвениот. Со други зборови, колку овошјето и зеленчукот се потемни, имаат повеќе антиоксиданси.

Сливи, зелка, домати, капини, црни рибизли, виолетов кромид, грозје – сето тоа е овошје и зеленчук со виолетов пигмент кој содржи флавоноиди, кои го контролираат крвниот притисок и го зајакнуваат имунитетот.

Виолетовата боја ги разубавува и некои видови шпаргли, како и смокви, па и поедини видови лековити растенија. Најпознат кај нас е виолетовиот босилек.

„Темните, виолетови варијации на босилек имаат повеќе антоцијан, заштитник на крвните садови. И покрај тоа, кај нас ова растение кое беше присутно во скоро сите цивилизации, ретко може да се пронајде во градините. Вистинска штета е што не е повеќе застапено во нашите краеви. Јас го одгледувам на крајот на градината, а го посадив од чиста љубопитност, мислејќи дека е само декоративен. Дури слушнав и препораки дека не смее да се јаде, но малку истражував и дознав дека подеднакво, ако не и повеќе е лековит од зелениот, а има и посилен мирис. Кога ќе пријдете на градината, веќе се чувствува мирисот, а кога гранчето ќе го донесете дома, со денови се шири силен мирис. Во јадењата може да ја замени солта и не е вистина дека служи само за декорација поради виолетовите листови. Сушен може да се става во сирењето, а во јадењата е доста ароматичен. За да направиме споредба, разликата е како кај зелените и црните маслинки“ вели Драган Петровиќ, долгогодишен градинар од Крагуевац.

Набраното растение може да се чува во замрзнувач или да се конзервира во масло. Така добивате и ароматично масло кое е со преубава боја и дава одличен вкус на салатите, додава Петровиќ.

Виолетовата боја на доматот научниците ја објаснуваат со концентрацијата на антоцијанин, но тврдат и дека неговата нутритивна вредност е поголема од црвениот домат. Научниците веруваат дека консумацијата на овој домат, во подолг период, помага во борбата со хроничните болести. Инаку, истражувачите во Бразил, после десетогодишна работа, успеале да произведат генетски НЕмодифициран домат со виолетова боја.

Тројца научници од Универзитетот Сао Пауло новиот вид домат го добиле со вкрстување на чилеански и див домат од островот Галапагос. Генетичката структура на виолетовиот домат останала иста, единствена разлика е што содржи поголема количина на витамин Ц. Ова е сосема доволно и овој домат да се најде во вашата виолетова градина.

На тоа да ги додадеме и виолетовите бобинки на боровинката, за градината да биде единствена. И на крај, малку цвеќе, секако виолетово!

Извор: dobrojutro.co.rs

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:босилеквиолетовазелка
Претходен напис ТИРЗ: Во вториот квартал извоз од зоните од 763 милиони евра, раст од 140 проценти на годишно ниво
Следен напис Мечка прави големи штети врз пчеларници во неколку делчевски села
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?