Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водата во Дебарско Езеро исправна за капење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Водата во Дебарско Езеро исправна за капење
Агровести

Водата во Дебарско Езеро исправна за капење

Објавено 09/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Последните анализи потврдиле дека водата во Дебарското Езеро е исправа за капење и рекреација, потврдуваат од Центарот за јавно здравје од Охрид.

Додаваат дека според уредбата за класификација на водите, како и Правилникот за начинот и мерките на управување со водите за капење, техничките критериуми и целите на квалитетот на водата за капење, земени се мостри од неколку места каде што има најголема присутност на капачи.

– Мостри се земени од пет мерни места за физичко-хемиска и микробиолошка класификација. По направената анализа потврдено е дека водата кај месноста Мелнички Мост е втора класа, односно класификација добра, додека на плажите кај рестораните Мерак, Перла, Дема и Таверна Цами, водата е од прва категорија, класификација одлична – наведуваат од ЦЈЗ Охрид.

По изградбата на рестораните и уредените плажи, тие стануваат сѐ помасовно посетени од голем број дебрани, нашинците кои живеат и работат во САД или европските земји а одморот го минуваат во родниот крај, како и поранешни жители и нивните потомци, кои сега живеат главно во Скопје, како и други гости.

Кон крајот на минатиот месец, долж градската плажа, беше спроведена еколошка акција организирана од граѓански асоцијации, поддржана од неколку компании, како и локалната власт на Дебар, а активно беше вклучено и Јавното комунално претпријатие „Стандард”, кога беа собрани стотици вреќи пластичен и друг отпад.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Дебарско езеро
Претходен напис Павлески: Домашните компании да учествуваат на натпреварот „Go global“, аплицирањето е бесплатно
Следен напис Директорот на АХВ, Бабовски на регионален состанок во Црна Гора за заштита на здравјето на животните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?