Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водата во Охридското Езеро чиста и безбедна за капење и рекреација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Водата во Охридското Езеро чиста и безбедна за капење и рекреација
Агровести

Водата во Охридското Езеро чиста и безбедна за капење и рекреација

Објавено 08/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Водата во Охридското Езеро е од прва категорија што значи дека е микробиолошки и хемиски чиста и исправна за капење и рекреација.

Последните анализи на водата спроведени на примероци земени од 33 локации на крајбрежјето на потегот од Свети Наум до Радожда покажуваат максимална чистота на водата, односно прва категорија според Уредбата за класификација на води.

Спроведени се и анализи на водата на 26 базени хотели и сместувачки објекти на крајбрежјето, при што е констатирано дека водата и во нив е чиста и исправна за капење и рекреација, односно дека соодветстува на одредбите од Правилникот за безбедност на водата.

Кога станува збор за притоките од езерскиот слив, тие и натаму се најголемите загадувачи на Охридското Езеро.

Анализите на квалитетот на водата покажуваат дека со најлош квалитет од четврта категорија е водата од Велгошка река односно Грашница, додека водата од Сатеска и Коселска е од трета категорија. Водата во реката Црн Дрим е од прва категорија сѐ до дваесет метри пред испустот од прочистителната станица кај село Враништа, каде што водата на самиот испуст е од втора, а после испустот од трета категорија.

Што се однесува на нивото на водостојот во езерото, денеска Охридското Езеро е на котата 693,48 метри надморска височина, што е за десет сантиметри под просекот за јули (693,58 мнв) и 38 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 метри надморска височина.

За осум дена водостојот на Охридското Езеро е опаднат за четири сантиметри. Температурата на водата и натаму е над јулскиот просек и изнесува 24 степени.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водаОхридско езеро
Претходен напис Во Прилепско и Кривогаштанско поднесени околу 650 барања за проценка на штети
Следен напис (Фото) „Чиста Преспа, моја Преспа“ – Исчистено Преспанското крајбрежје и дивите депонии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?