Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Синдикалната минимална кошничка во јуни 34.212 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Синдикалната минимална кошничка во јуни 34.212 денари
Агровести

Синдикалната минимална кошничка во јуни 34.212 денари

Објавено 08/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Синдикалната минимална кошница за јуни годинава изнесува 34.212 денари.

Од елементите што ја сочинуваат синдикалната кошница, за јуни, како што соопшти Сојузот на синдикати, на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.547,96 денари, на домување 10.800,18 денари, на хигиена 2.378,03 денари, на превоз 2.508,84 денари, на облека и обувки 2.176,2 денари, на култура 1.067,86 денари, а на одржување здравје 732,80 денари.

–Просечно исплатена нето плата за април годинава, според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, била 28.438,00 денари, наведуваат од Сојузот на синдикати.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 100.9.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 15.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 %, маслото и маснотиите, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.7 %, рибата и морските плодови за 0.6 %, месото, млекото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.3 %, виното, пивото за 0.2 %.

Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај  воздухопловниот патнички транспорт за 27.8 %, услугите за сместување за 4.6 %, медиумите за снимање за 4.4 %, другите печатени материјали за 2.5 %,  течните горива за домаќинствата за 2.1 %, книгите за 1.7 %, терапевтските помагала и опремата за 1.1 %, ткаенините за изработка на облека, големите алатки и опрема, рестораните, кафулињата и слично, другите апарати и производи за лична хигиена  за 0.6 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за  0.5 %, другите услуги поврзани со живеалиштето, неспоменати на друго место за 0.4 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, другите услуги за опремата за сопствен превоз, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.3 %, обувките, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, туристичките аранжмани за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 10.5 %, јајцата за 0.7 % и оризот за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај собирањето на отпадните води за 3.7 %, гасот за домаќинствата за 2.6 %, електричните апарати за лична хигиена за 1.4 %, малите апарати за домаќинствата за 1.2 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.8 %, домашните миленици и сродните производи за 0.4 %, големите апарати за домаќинствата, моторните возила за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи зголемување од 2.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.0 %. 



Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:трошоци за живот
Претходен напис (ВИДЕО) Бачовски: Мерка 7 од ИПАРД, поддршка од 1.500 до 1.000.000 евра, повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци
Следен напис За викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?