На површините на ЗК Пелагонија денеска беше означен официјалниот старт на жетвата на пченицата.
Во присуство на првите луѓе на комбинатот, земјоделци и други гости на настанот, со музика беше одбележан официјалниот старт на жетвата во нашата најголема житница Пелагонија.





Последната сеидба опфати 79.000 ха под пченица или зголемување од 7% од минатата година што е охрабрувачко, рече министерот за земјоделство Арјанит Хоџа. Тој и денеска ја повтори неговата изјава дека нема да трпи никакви уцени во врска со цената на пченицата и дека веќе има поместување во ставовите на мелничарите со кои веќе е закажана средба.
Повеќе во видеото на Агротим:
-Податоците се охрабрувачки, позитивни и мотивирачки, бидејќи имаме за 7% повеќе површини под житни култури за разлика од 2020 година, а знаеме дека поминавме и сѐ уште помиинуваме една глобална криза како што е пандемијата. Верувам дека оваа година ќе биде плодна година, ќе има добри цени во делот на откупот и добри договорни односи меѓу самите производители и откупувачите – изјави Хоџа и додаде дека има поместувања во ставовите на мелничарите во врска со годинешниот откуп.
-Изјавата што пред неколку дена ја дадов за мелничарите, дека уцени и таков пристап нема да се прифати од страна на државата, веќе има поместување во нивните ставови, следната недела ќе имаме и состанок.
Цените на светската берза и во регионот растат, тоа треба да биде тренд и тука за производителите да ги добијат тие и слични цени и што и да преземаме ние како држава, како Министерство, во делот на субвенционирање, тоа не треба да се сфати за намалување на цената од страна на мелничарите кон производителите, односно кон земјоделците. Тоа треба да биде за да бидеме поконкурентни на самиот пазар во регионот и пошироко. Но, нема да дозволам за која било субвенција што ќе се дава од државата, индиректно да се рефлектира на цената на производителите.
Јас ќе бидам во постојана комуникација со другите потсекторски групи и мислам дека ќе успееме да обезбедиме добар однос меѓу самите производители – заклучи Хоџа.

