Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голем број пожари на отворено, изгореле хектари со пченица во Тетовско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Голем број пожари на отворено, изгореле хектари со пченица во Тетовско
Агровести

Голем број пожари на отворено, изгореле хектари со пченица во Тетовско

Објавено 06/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Речиси секојдневните пожари на дивите депонии во руралните области и обработливите површини резултираат со десетици изгорени хектари земјишта, а во опасност се доведуваат и станбените објекти- куќи на жители во тетовските села, алармираат од тетовската противпожарна единица.

Командантот на пожарникарите Ука Алити, вели дека деновиве изгоре многу пченица, а најопасно било во Циглана, дел од тетовската населба Дреновец.

– Во Дреновец во Циглана пожарот на отворено дојде до самите куќи, за среќа немаше зафатен објект. Само вчера во атарот на селото Стримница изгореа над 20 хектари земјиште со пченица. Во Одри, пред три дена, изгоре многу површина нежнеана пченица. Земјоделците чекаат да го соберат сега приносот, но жал има несовени граѓани кои палат и доаѓа до појава на пожари – објаснува Ука Алити.

Покрај високите температури за појавувањето на пожарите, според командантот, значаен  фактор е човечкото поведение.

– Има намерно палење смет на отворено, но и отпадот што се наоѓа на диви депонии. Многу се фрла стара покуќнина и мебел и се пали за да изгори, ама после се проширува огнот. Во дивите депонии се фрла и материјал кој е опасен и сам може да се запали. Невнимание има и кај земјоделците кои со палење на оган сакаат да изгорат стрништа и слични отпадоци, објаснува Ука Алити.

Тој предупредува дека и покрај тоа што пожарникарите се подготвени потребна е поголема совесност и институционална поддршка.

– Мобилизирани сме за секоја интевенција, ама треба и инспектори од сите општини и други институции како и полицијата да бидат будни и да ги следат овие работи бидејќи потребни се повеќе санкции за ваквите постапки – вели Алити.

Деновиве пожари се гаснеле во Жеровјане на дива депонија, во Стенче на ниви, како и во Теарце и Брвеница.

Од полицијата потсетуваат дека предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни до 10 години, зависно од крајните еколошки и други последици. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пожаритетовско
Претходен напис Министерот Хоџа со информација за тутунарите: Владата го одобри Предлог законот за финансиска поддршка од петтиот пакет економски мерки
Следен напис Директорот на АХВ, Николче Бабовски избран за член на УО на Платформата на OIE за благосостојба на животни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?