Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Зелени коридори на границите за побрз транспорт на стока
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бочварски: Зелени коридори на границите за побрз транспорт на стока
Агровести

Бочварски: Зелени коридори на границите за побрз транспорт на стока

Објавено 05/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бочварски во обраќање на Министерскиот совет го истакна примерот со т.н. зелени коридори кои беа воведени за време на падемијата како успешен пример за брзиот транспорт на стока и медицински материјали со цел избегнување на тесните грла на границите.

-Иницијативата за „зелените коридори“, промовирана во регионот на Западен Балкан за време на здравствената криза, како привремен и брз одговор на тековната здравствена вонредна состојба, имаше цел спречување на недостиг на неопходна стока и медицинска опрема. Оваа иницијатива се покажа како еден од најуспешните примери за регионална соработка. Нејзиното главно достигнување за зачувување на трговските текови во регионот, не само што имаше значителни економски придобивки, туку се покажа многу практична во однос на решавањето на итните потреби на населението во време на пандемијата – истакна министерот Бочварски.

Во рамките на своите заложби, потенцираше министерот Бочварски, Владата активно работи на формирање агенција за безбедност која ќе има цел зголемување на нивото на безбедност во транспортот преку воспоставување сигурен и безбеден транспортен систем за сите корисници.

На Министерскиот совет присуствуваа и министрите за транспорт на земјите од регионот, потписнички на Договорот за транспортна заедница, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Србија и Република Црна Гора, како и претставници на Секретаријатот на Транспортната заедница и Европската комисија.

Тие дискутираа и за новата Стратегија за одржлива и паметна мобилност од перспектива на Западен Балкан како и за ажурирање на листата на европското законодавството и нивно прилагодување во членките на Транспортната заедница.

На маргините на Министерскиот совет, Бочварски одржа билатерални средби со министерот за инфраструктура на Косово, Либурн Алиу и со министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија, Томислав Момировиќ.

Со косовскиот колега разговараа за меѓународниот патен транспорт меѓу двете земји и разменија информации за изградбата на автопатот Скопје-Блаце, како и за плановите за изградба на заедничка железничка гранична станица. Во фокус на разговорите со српскиот министер Момировиќ, беа модернизацијата на патниот и железнички Коридор 10, како и изградбата на заедничка железничка станица на Табановце, како пример за добра регионална соработка.

Од Министерството за транспорт и врски најавија дека утре Бочварски ќе учествува на Министерскиот состанок за прекугранично поврзување на земјите од регионот на Западен Балкан во рамки на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бочварскиграницазелени коридори
Претходен напис Во финална процедура поддршката за тутунот од петтиот пакет
Следен напис Сончево и топло со умерена локална облачност и северен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?