Повеќето од нас грешат при наводнувањето и негувањето на собното цвеќе, а принципот всушност е многу едноставен. Стручњаците сметаат дека најчесто грешиме кога е во прашање наводнувањето, па растението свенува од коренот.
Правило број еден гласи: Вака се наводнуваат растенијата!
Претераното наводнување може да доведе до скапување на коренот на растението, а во тој случај му нема спас. Многу е важно да обрнете внимание на знаците на предупредување кое омиленото цвеќе ви ги испраќа.
Второто важно правило гласи: Не наводнувајте ако земјата е мокра

Најважна работа, кога ќе видите дека земјата е мокра, не го наводнувајте растението. Секогаш ќе ви се чини дека е суво на површината, но доколку го ставите прстот во земјата ќе забележите дека таа е всушност мокра и дека во тој случај никако не треба да го наводнувате. Вишокот вода би можел да го убие вашето растение.
Третото правило гласи: Жолтите листови се аларм за узбуна
Ако забележите дека листовите на собните растенија се жолти, тоа сосема сигурно значи дека растението венее и дека има премногу вода.
Што да се прави кога стебленцето е меко?
Во тој случај веднаш престанете со наводнување, бидејќи растението е на чекор до умирање. Мекото стебло е знак дека на растението му нема спас и дека никако не смеете да продолжите да му давате вода.
Бубачки и мушички околу растението
Инсектите често знаат да се собираат околу растението кога има премногу вода, тоа треба да ви биде знак да намалите со наводнување или сосема да престанете извесно време.
