Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Околу 95 отсто од земјоделците во Кочанско поднеле барање за субвенции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Околу 95 отсто од земјоделците во Кочанско поднеле барање за субвенции
Субвенции

Околу 95 отсто од земјоделците во Кочанско поднеле барање за субвенции

Објавено 05/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу 95 отсто од регистрираните земјоделски производители во кочанскиот регион поднеле барање за добивање субвенции од програмата за директни плаќања во 2021 година на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Рокот за аплицирање, што беше продолжен до крајот на јуни, им овозможил на 2.663 земјоделци да ја достават потребната документација до Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

– Интересот на земјоделските производители беше навистина голем, па и покрај тоа што поради пандемијата работевме со намален капацитет, успеавме да одговориме на нивните барања. Аплицирањето почна на 5 април и првично траеше до 31 мaj, па беше продолжено до 30 јуни. Дополнителниот рок за пријавување ни ја олесни работата, а истовремено на земјоделците од трите општини – Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци им помогна да ги комплетираат своите апликации и да ги достават во нашите канцеларии – истакна Горан Миладинов, раководител на подрачната единица за земјоделство во Кочани.

Дел од земјоделските производители ги доставиле барањата за субвенции по електронски пат, преку веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, но и тие се вклучени во вкупниот број на евидентирани подносители од регионот. Најголем број од поднесените барања за директни плаќања во земјоделството се однесуваат за субвенционирање на оризопроизводството.

Оваа година предвидени се околу 80 милиони евра наменети за субвенции на земјоделците од целата држава.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
Серафимовски: Ќе се УКИНЕ условот висината на субвенциите да зависи од минимум 30% продадено или предадено производство
Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Исплатени 13 925 888 денари на 85 производители на тутун
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ НА ОРГАНСКИ производители на сертифициран материјал, органски производи и насади
Таг:Кочанисубвенции
Претходен напис Земјоделците сѐ помалубројни, цените на пазарите сѐ повисоки
Следен напис Вo среда, четврток и петок второ прскање против комарци во десетте општини од Југоистокот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?