Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците сѐ помалубројни, цените на пазарите сѐ повисоки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците сѐ помалубројни, цените на пазарите сѐ повисоки
Агровести

Земјоделците сѐ помалубројни, цените на пазарите сѐ повисоки

Објавено 05/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Од година во година очигледен е растот на цените на земјоделските производи, а овошјето и зеленчукот на пазарите и во екот на сезоната имаат цени како на почетокот на пролетта“, велат производителите, и додаваат дека не може да се очекува значително намалување на цените, бидејќи сѐ поголем број на површини не се обработуваат, а бројот на земјоделци е сѐ помал и помал.

„Повисоките цени и намалената понуда на земјоделски производи на пазарите во земјава, се должат првенствено на сѐ помалиот број земјоделски производители. Ние сме сведоци на состојбата на терен. Наместо цел живот да се занимаваат со земјоделство, повеќемина наши колеги земјоделството го заменија со печалбарство, бидејќи поголемиот број од нив заминаа во странство претежно во Германија. Околу 70 отсто од претходно обработените ниви повеќе не се обработуваат, што се одрази и на сѐ помалото производство, што е директен причинител за константен пораст на цените“, вели Блаже Петров, земјоделец.

И останатите негови колеги проблемот го лоцираат во се помалиот интерес на земјоделците да продолжат да се занимаваат со оваа гранка и посочуваат дека во нашата земја во моментов е најмалку исплатливо да се работи во земјоделството.

Токму од тие причини поголем број довчерашни земјоделци кренаа раце од земјоделството и се упатија на печалба во Германија, Австрија и други европски земји, а нивниот број и понатаму ќе расте, потврдуваат тие.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:нивапазарпечалбацени
Претходен напис Ниви со жито и лозја изгореа во пожари во Кочанско
Следен напис Околу 95 отсто од земјоделците во Кочанско поднеле барање за субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?