Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ниви со жито и лозја изгореа во пожари во Кочанско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ниви со жито и лозја изгореа во пожари во Кочанско
Агровести

Ниви со жито и лозја изгореа во пожари во Кочанско

Објавено 05/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во три одделни пожари во Кочанскиот регион изгореа над 30 декари засеани со јачмен, како и неколку декари лозја и ниви со пченка.

Во гаснењето на огнената стихија беа ангажирани четири возила и 10 пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Кочани, кои по пет часа од избувнувањето на пламенот, успеаја да го стават под контрола.

Пожарот што вчера околу пладне бил пријавен во месноста Копаче, потпомогнат од силниот ветер брзо се проширил на околу дваесетина декари земјоделско земјиште, а поради недостапниот терен отежната била интервенцијата на пожарникарите. Слична ситуација имало и во атарот на селото Мојанци каде што за еден час изгорело неожнеано жито на слична површина.

-Неодговорното однесување на одделни земјоделци, кои ја палат сламата по завршувањето на жетвата на житата, направи голема материјална штета. Стопроцентно изгореа неколку ниви со јачмен што требаше да бидат ожнеани за некој ден, а допрва ќе се утврдуваат последиците од високите температури што сериозно оштетија две лозја. Беа зафатени и два помошни објекта, што за среќа успеавме да ги спасиме од целосно оштетување, истакна Влатко Јефтимов, заменик-командир во ТППЕ – Кочани.

Вчера попладнето пожарникарите интервенираа и на ниви во атарот на селото Грдовци, каде што огнот се закануваше да се прошири кон куќи и други објекти во непосредна близина.

Од Територијалната противпожарна единица упатуваат апел до земјоделците да не ја палат сламата и стрништата во нивите, за да се избегне голема материјална штета со оглед што жетвата на јачменот и пченицата сѐ уште не е завршена.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Кочанипожар
Претходен напис Времето денеска сончево и топло, попладне со локален дожд и грмежи
Следен напис Земјоделците сѐ помалубројни, цените на пазарите сѐ повисоки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?